Николас Едвард Кејв (англ. Nicholas Edward Cave; роден на 23 септември 1957 година) ― австралиски пејач, текстописец, автор, сценарист, композитор и повремен глумец. Познат по неговиот баритонски глас и како фронтмен на рок бендот Nick Cave and the Bad Seeds, музиката на Кејв генерално се одликува со емоционален интензитет, широк спектар на влијанија и лирски опсесии со смртта, религијата, љубовта и насилството.Stephen Thomas Erlewine and Steve Huey, AllMusic, [ (((Nick Cave > Biography)))]. Retrieved 30 September 2009.

Роден и израснат во руралната Викторија, Кејв студирал уметност во Мелбурн пред да застане на чело на The Birthday Party, еден од водечките пост-панк бендови во градот, во доцните 1970-ти. Се преселиле во Лондон во 1980 година, но таму, разочарани од тамошниот живот, еволуирале кон помрачен, попредизвикувачки звук, нешто што послужило како инспирација за готик рок. Поради тоа се здобиле со репутацијата на најнасилниот бенд во живо, во светот.Grice, Sarah (1 October 2014). "Film: 20,000 Days on Earth", Varsity. Retrieved 1 September 2017. Кејв станал препознатлив по неговите конфронтирачки изведби, шокираноста од црната коса и бледиот изнемоштен изглед. Бендот се распаднал набргу откако Ник се преселил во Берлин, во 1982 година. Една година подоцна е формиран легендарниот Nick Cave and the Bad Seeds, опишан како еден од „најеминентните, трајни“ бендови на рокот.Berman, Stuart (6 May 2009). "From Her to Eternity", Pitchfork. Retrieved 13 September 2020. Голем дел од нивниот ран материјал е сместен во митскиот американски длабок југ, потпирајќи се на оние духовните и делта блузот. Опседнатоста на Кејв со старозаветните сфаќања за доброто наспроти злото, кулминирала со тоа што се нарекува негова песна-потпис, The Mercy Seat (1988) и во неговиот дебитантски роман И магарето го виде Ангелот (1989). Исто така, во 1988 година, Кејв се појавил во Ghosts... of the Civil Dead, австралиски затворски филм, како ко-сценарист и автор на музиката.

Во 1990-тите, Кејв се движел меѓу Саун Пауло и Англија, наоѓајќи инспирација во Новиот завет. Тој продолжил да постигнува мејнстрим успех со потивки балади на пијано, особено со дуетот со Кајли Миног во песната Where the Wild Roses Grow(1996) и Into My Arms(1997). Во 2000-тите, наклонувајќи се повеќе кон филмот, Кејв го напишал австралискиот вестерн Предлогот (2005), компонирајќи го албумот за него, заедно со редовниот соработник Ворен Елис. Заслугите за филмот, овој пар ги добива и за Атентатот на Џеси Џејмс од страна на кукавицата Роберт Форд(2007), Патот (2009) и Безаконие (2012), а нивниот garage rock проект Гриндермен објавил две Долгометражно издание (музика) од 2006 година. Во 2009 година, го издал својот втор роман Смртта на Бани Монро и глумел во полуфиктивниот филм од типот на „еден ден од животот“ филмови, 20,000 Дена на земјата (2014). Неговото поново музичко дело содржи амбиентални и електронски елементи, како и сè поапстрактни текстови, делумно пополнети со тагата за смртта на неговиот син Артур во 2015 година, која што е тема на истрага во документарниот филм Уште еднаш со чувство (2016) и на седумнаесеттиот и најнов албум на Bad Seeds, Гоустин(2019).

Кејв го пишува билтенот The Red Hand Files којшто го користи за да одговори на прашања од обожавателите. Неговата работа е предмет на академски студии, а неговите песни се опфатени од широк спектар на уметници, вклучувајќи ги Џони Кеш (The Mercy Seat), Металика (Loverman) и Снуп Дог (Red Right Hand). Тој бил примен во Куќата на славните АРИА во 2007 година, и бил именуван за Офицер на Редот на Австралија во 2017 година.

Младост, образование и семејство мини|Катедралата Света Троица Вангарата, каде што Кејв пеел во хорот Кејв е роден на 23 септември 1957 година во Варакнабеал, мало селско гратче во австралиската држава Викторија, во семејството на Даун Кејв (родена како Тредвел) и Колин Френк Кејв. Како дете, тој живеел во Варакнабеал, а потоа и во Вангарата, во рурална Викторија. Неговиот татко предавал англиски и математика во локалното техничко училиште, а неговата мајка била библиотекарка во средното училиште во коешто учел Ник. Уште од рана возраст, од таткото добил знаење за книжевните класици како што се Злосторство и казна и Лолита.Maume, Chris. "Nick Cave: Devil's advocate", The Independent. Retrieved on 10 November 2008. Колин Френк бил организатор на првиот симпозиум за австралискиот бушрангер и одметник Нед Кели,Cave, Colin (ed). Ned Kelly: Man and Myth. Wangaratta Adult Education Centre, 1962. , p. 10 во којшто Ник бил заљубен како дете.Lynskey, Dorian (24 February 2006). "Outback outlaws", The Guardian. Retrieved 2 March 2013. Покрај неговиот постар брат, Кејв станал обожавател на прогресивен рок - бендови како што се King Crimson, Пинк Флојд и Jethro Tull, сè додека неговата девојка од детството не го запознала со Леонард Коен. Подоцна Кејв бил опишан од Коен како „најголемиот текстописец од сите.“Padgett, Ray (2020). Various Artists' I'm Your Fan: The Songs of Leonard Cohen. Bloomsbury Publishing. .

Кога Кејв имал 9 години, почнал да пее во хорот на катедралата Светото Тројство во Вангарата. На 13 годишна возраст бил избркан од тамошното средно училиште. Во 1970 година, откако се преселил со своето семејство во Мурумбиена, предградие на Мелбурн, тој станал потстанар во интернатот, а подоцна и студент на Caulfield Grammar School. Имал 19 години кога неговиот татко загинал сообраќајна несреќа, судирајќи се со друг автомобил. За трагедијата дознал од мајка му, додека таа го извлекувала од полициската станица во Сент Килда. Бил приведен под сомнение за кражба. Подоцна ќе се присети дека неговиот татко „умре во моментот од мојот живот кога бев најмногу збунет“ и дека „загубата на татко ми создаде во мојот живот вакуум, простор во кој моите зборови почнаа да лебдат и да се собираат наоѓајќи ја својата цел“.

По неговото средно образование, во 1976 година, Кејв студирал сликарство на Технолошкиот институт Колфилд, но следната година се откажал за да музицира. Во истото време почнал да користи и хероин.

Кејв присуствувал на својот прв музички концерт во фестивалската сала во Мелбурн. Програмата била составена од Манфред Ман, Дип Парпл и Фри. Кејв се присетувал: „Се сеќавам дека седев таму и физички го чувствував звукот што минува низ мене“. Во почетокот на 1977 година, за првпат во живо ги сретнал австралиските панк рок групи Radio Birdman и the Saints. Кејв бил особено инспириран од шоуто на вториот бенд, велејќи дека го напуштил местото на настанот како „друг човек“.Dalziell, Tanya; Welberry, Karen (ed.). Cultural Seeds: Essays on the Work of Nick Cave. pp. 36–37.

Музичка кариера

Раните години и the Birthday Party (1973–1983) Во 1973 година, Кејв ги запознал Мик Харви (гитара), Фил Калверт (тапани), Џон Кочивера (гитара), Брет Персел (бас) и Крис Којн (саксофон), колеги-студенти на Caulfield Grammar. Заедно основале бенд со Кејв како фронтмен. Нивниот репертоар, меѓу другото, се состоел и од рудиментирани насловни верзии на песни од Лу Рид, Дејвид Боуви, Алис Купер, Рокси Мјузик и Алекс Харви. Подоцна, составот се намалил на четири членови, вклучувајќи ја и пријателката на Кејв, Трејси Пју на бас. Во 1977 година, по напуштањето на училиштето, бендот бил преименуван во The Boys Next Door и тогаш почнале да свират претежно оригинален материјал. Гитаристот и текстописец, Роуланд С. Хауард, му се придружил на бендот во 1978 година.

Тие биле предводници на пост-панк сцената во Мелбурн кон крајот на 1970-тите, свиреле стотици концерти во Австралија пред да го променат своето име во Тhe Birthday Party во 1980 година и да се преселат во Лондон, а потоа во Западен Берлин. Во Лондон ги придружувала встралиската девојка и муза на Кејв, Анита Лејн. Бендот бил озлогласен поради нивните провокативни настапи во живо. Кејв викал, врескал и се фрлал по сцената, а сето тоа придружувано од остра рок-музика врзана со гитара. Кејв користел старозаветни слики со стихови за гревот, развратот и проклетството. Смислата за хумор на Кејв и склоноста кон пародија се очигледни во многу песни на бендот, вклучувајќи ги Стриптизерот Ник и Кинг Инк. Release the Bats, една од најпознатите песни на бендот, беше наменета како претерано „мочање“ на готик рок и „директен напад“ на „акциите на готските асоцијации што помалку информираните критичари сакаа да ги направат". Иронично, станал многу влијателен во жанрот, овозможувајќи издигнување на една нова генерација бендови.Welberry, Karren (ed.) (2016). Cultural Seeds: Essays on the Work of Nick Cave. Routledge. p. 87-88

По преминувањето во култ што се следи во Европа и Австралија, Тhe Birthday Party се распаднале во 1983 година.

Ник Кејв и Тhe Bad Seeds (од 1984 до денес) мини| Кејв на настап во Белгија, 1986 година Бендот, со Кејв како лидер и фронтмен, има издадено седумнаесет студиски албуми. Pitchfork Media ја нарекува групата еден од „најтрајните, безсомнени“ рок бендови, со исполнета дискографија.Stuart Berman, Pitchfork Media, "Album reviews: Nick Cave & the Bad Seeds: From Her to Eternity / The First Born is Dead / Kicking Against the Pricks / Your Funeral ... My Trial", 6 May 2009. Retrieved 30 September 2009. Иако нивниот звук има тенденција значително да се менува од еден албум во друг, едната константа на бендот е неполиран спој на различни жанрови и структури на песни коишто обезбедуваат возило за виртуозната, честопати истрионска театралност на Кејв. Критичарите Стивен Томас Ерлевин и Стив Хјуи напишале: „Со Тhe Bad Seeds, Кејв продолжи да ги истражува своите опсесии со религијата, смртта, љубовта, Америка и насилството со бизарен, понекогаш самосвесно еклектичен хибрид на блуз, госпел, рок и уметнички пост-панк“. мини| Хамбург/Германија јули 2001 година Рецензирајќи го албумот Dig, Lazarus, Dig!!! од 2008 година, NME ја употребиле фразата „готска психо-сексуална апокалипса“ за да ја опишат „заканата“ присутна во стиховите на насловната песна. Нивното најново дело, Ghosteen, било објавено во октомври 2019 година.

Во средината на август 2013 година, Кејв беше финалист на „Првата долга листа“ за 9-тиот Coopers AMP, заедно со уметници како Кевин Мичел и the Drones. Австралиската музичка награда е вредна 30.000 австралиски долари. Наградата на крајот отиде кај Big Scary. Во интервју во септември 2013 година, Кејв објасни дека се вратил на користење машина за пишување песни по неговото искуство со албумот Ноктурама, бидејќи „може да има лош ден и да стисне „избриши“ и тоа би се изгубило“. Кејв верува дека изгубил вредна работа поради „лош ден“.

Гриндермен (од 2006 до денес) мини| Кејв и Елис настапуваат како Гриндермен во 2008 година Во 2006 година Кејв го формираше Grinderman - самиот како вокал, гитара, органа и пијано, Ворен Елис (тенор гитара, електрична мандолина, виолина, виола, гитара, придружен вокал), Мартин П. Кејси (бас, гитара, придружен вокал) и Џим Склавунос (тапани, перкусии, придружни вокали).

Алтернативната рок облека била „начин да се избега од тежината на The Bad Seeds“. Името на бендот е инспирирано од песната на Мемфис Слим, „Grinder Man Blues“, која што Кејв започнал да ја пее за време на една од првите проби на бендот. Истоимениот деби студиски албум на бендот, Grinderman, бил издаден во 2007 година, со исклучително позитивни критики, а вториот и последен студиски албум на бендот, Grinderman 2, бил издаден во 2010 година и наишол на сличен прием.

Првиот јавен настап на Гриндермен бил на Сите утрешни забави во април 2007 година каде што Боби Гилеспи од Примал Скрим ги придружувал во придружните вокали и перкусии.

Во декември 2011 година, по настапот на музичкиот фестивал Мередит, Кејв објавил дека Гриндермен се распаѓа. Две години подоцна, Гриндермен настапиле и двата викенда на фестивалот за музика и уметност во долината Коачела во 2013 година, како и Ник Кејв и Лошите семиња.

Музика во филм и телевизиска драма