Св. Прокопиј () — црква во селото Кладороби, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија, под управа на Грчката православна црква.

Црквата е сместена на сретселото. Изградена е во 1874 година според натписот на источниот крај на храмот. Има раскошен насликан иконостас. Во неа се прибрани иконите од истоимениот манастир „Св. Прокопиј“, сместен источно од Горно Клештино и уништен од Арнаути.

Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија

Наводи

Прокопиј, Кладороби Прокопиј, Кладороби Категорија:Појавено во 1874 година