Свето Преображение () — средновековна пештерна црква во преспанското село Нивици, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија, под управа на Грчката православна црква. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.

Изградена е во XIII век во мала пештера во живописен залив на Преспанското Езеро.Evyenidou, Despina. Ioannis Kanonidis, Thanasis Papazotos. The Monuments of Prespa, Archaeological Receipts Fund, 1991, стр. 42 Претставува мала сводеста црква, иако дел од храмот денес се наоѓа во Леринскиот археолошки музеј. Има остатоци од живопис и од стари монашки ќелии. Близу до црквата се наоѓаат живеалиштата на испосниците.

Во 1962 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија

Наводи

Преображение, Нивици Преображение, Нивици Преображение, Нивици Категорија:Споменици на културата во Преспа (општина) Категорија:Нивици