Свети Никола () — црква во селото Неред, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е гробишен храм во јужниот дел на селото, според преданието изграден во 1670 г. На почетокот на XX век заедно со „Св. Атанасиј“ била во рацете на грчката пропаганда, но во едната од нив службите наизменично се одвивале на грчки и на македонски. Ова траело сè до изградбата на црквата „Св. Лука“ по нарачка на Бугарската егзархија. Црквата претставувала голем низок полувкопан храм. Во 1970 г. и следната 1971 г. на нејзино место е направена нова. Ви храмот се чуваат икони од старата црква кои датираат од 1898 г. Старата камена камбанарија со време исто така паднала.

Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија

Наводи

Никола, Неред Никола, Неред Категорија:Појавено во 1971 година