мини|десно|Детаљ од иконостасот. Свети Никола () — црква во селото Петерско, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.

Храмот се наоѓа во северниот дел на селото, во подножјето на ридот Курија. Изграден е во 1776 г. од камен, користејќи материјал од околните антички урнатини. Имал улога на парохиски храм на Петерско до 1972 г. Бидејќи селото било под двете пропаганди, во 1880 г. во црквата наизменично доаѓале свештеници на Бугарската егзархија и на Цариградската патријаршија. Во 1895 г. овој храм станал наполно патријаршиски.

Црквата е трикорабна базилика со дрвен покрив, нартекс и женска црква над него. Зачуван е дел од оригиналниот живопис во апсидата, во жртвеникот и на дел од јужниот ѕид на наосот. Тие датираат од 1840 г. — период во кој во Леринско работеле зографи од епирското село Кионат. Ви храмот се чуваат 64 икони од XVIII – XIX век, повеќето од кои стојат на дрвениот иконостас. Шест од нив имаат напишан датум — една од 1776 г. со резбана рамка и 5 од почетокот на XIX век. Иконостасот има два реда апостолски икони, царски двери и дел од оригиналниот иконостас од XVIII век.

Камбанаријата е одделна куловидна камена градба северозападно од црквата.

Црквата заедно со камбанаријата е прогласена за заштитен споменик на културата во 1992 г.

Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија

Наводи

Никола, Петерско Никола, Петерско Категорија:Споменици на културата во Суровичево (општина) Категорија:Појавено во 1776 година