Вознесение Христово () — црква во селото Чеган, Воденско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е гробишен храм, сместен во северниот дел на селото. Изградена е во 1700 г. Претставува трикорабна базилика со дрвен покрив и полукружна апсида, нартекс, женска црква, трем на југ и камбанарија на југозапад. Внатре е зачуван резбан и насликан владички престол во стилот рококо, амвон и иконостас од 1833 г. Зачувани се и некои фрески од XIX век во средишниот кораб. Во парохиската црква на Нов Чеган се чувааат икони од оваа црква од XVIII и XIX век, како и евангелие од 1737 г.
Храмот е прогласен за историски споменик на 23 октомври 1995 г.
Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија
Наводи
Вознесение Христово, Чеган Вознесение Христово, Чеган Категорија:Споменици на културата во Воден (општина) Категорија:Појавено во 1700 година