Свети Дионисиј Олимписки () — црква во селото Владово, Воденско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.
Урнатините на црквата се наоѓаат југозападно од Владово, во месноста Селиште, каде од 1600 до 1820-1830 г. се наоѓало старото село. Иконите и црковните книги од XVII - XVIII век од оваа црква денес се чуваат во црквата „Св. Димитриј“ во самото Владово. Три икони од овој храм – „Христос Седржител“, „Света Недела и Света Петка“ и „Свети Атанас“, се од XVII век. Тие се дело на месни мајстори и имаат јасно видливо западномакедонско влијание.
Во 1995 г. остатоците од црквата се прогласени за споменик на културата.
Поврзано Селиште (Владово) Воденско-постолско-мегленска епархија
Наводи
Дионисиј Олимписки, Владово Дионисиј Олимписки, Владово Дионисиј Олимписки, Владово