Свети Никола () — црква во селото Ошин, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.
Според натписот, црквата е изградена во 1836 г. Во 1842 г. е живописана од истакнатиот крушевски мајстор Анастас Зограф и неговиот помошник Наум.
Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква на запад и југ. Има два влеза — од запад и југ, а прозорците се отворени подоцна. Покривот е калкански. Камбанаријата е изградена подоцна, во облик сличен на оние на „Св. Димитриј“ во Костурени и „Св. Никола“ во Страишта. Внатре таванот и иконостасот се насликани. Женската црква има назабен парапет и убава решетка. Фреските се распоредени во три подрачја — Свети Христофор, Свети Зосим, Преподобна Марија Египетска. Се чува икона на Светите Архангели од 1842 г. Таа година стои на натписот на севериот ѕид до иконостасот.
Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија
Наводи
Никола, Ошин Никола, Ошин Категорија:Појавено во 1836 година