Свети Ѓорѓи () — црква во селото Смрдеш, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. мини|лево||Црквата за време на Првата светска војна. Храмот е изграден на крајот од XIX век во центарот на старото село Смрдеш, што денес се наоѓа на источниот крај на новото.
Црквата е импресивна трикорабна базилика со дрвен покрив, изградена од епирски мајстори употребувајќи месен камен. Датумот „1891 - 93 март 25 “ е напишан во средината на четирите прозорци на десната галерија на црквата. На западната страна на храмот има куловидна четирикатна камбанарија со натпис „1891“ на фронтонот на последниот кат.
На иконостасот има забележителни икони, дело на зограф од Бел Камен. На 14 октомври 2017 г. црквата е преосветена од митрополитот Серафим Костурски.
Пред црквата има голема камена чешма. Натписот на неа вели дека првобитната чешма на ова место е изградена во 1747 г.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Ѓорѓи, Смрдеш Ѓорѓи, Смрдеш Категорија:Појавено во 1891 година