десно|мини|337x337пкс| Ана Аткинс - алги Цијанотипијата е фотографски процес кој дава слика во (цијан) сини тонови. Процесот бил популарен во инженерските кругови до средината на 20 век. Евтин и лесен, процесот го олеснил дуплирањето и копирањето на големи технички нацрти. Процесот се базира на две хемикалии - амониум железо цитрат и калиум железо цијанид.
Историја Англискиот научник и астроном Сер Џон Хершел ја открил постапката во 1842 година. И покрај фактот дека тој го измислил процесот, тој сметал дека е наменет исклучиво за копирање белешки или дијаграми, што било и останува главната и најраспространета примена на истиот. Тој бил воведен во областа на фотографијата од англиската ботаничарка Ана Аткинс, кога таа го искористила процесот за илустрација на нејзината книга посветена на папратите и алгите. Со ставање на нејзините предмети директно на хартијата обработена со емулзија, таа добила обоени контури, односно фотограми од нив преку дејството на светлината. Користејќи го овој процес, таа останала запамтена како првата жена фотограф.
Процес Обично се користи мешавина од 8,1% раствор на калиум железо цијанид и 20% раствор на амониум железо цитрат, измешани непосредно пред употреба. Овој слабо фотосензитивен раствор потоа се нанесува на подлога како хартија или ткаенина и може да се користи по сушењето.
Иако хартиите за акварел се најчесто користената подлога, растворот може да се нанесе на секој материјал што може да го апсорбира - хартија, памук, волна или дури и желатин нанесен на непорозна подлога. Не се препорачува да се користат хартии обработени со алкални бафери бидејќи сликата на нив ќе избледи со текот на времето.
Фотографска позитив слика може да се добие и со изложување на негативите на ултравиолетова светлина. УВ светлината би ги редуцирала соединенијата на железо (III) до соединенија на железо (II), проследено со сложена реакција на соединенијата на железо (II) со раствор на железен цијанид. Реакцијата би резултирала со нерастворлива сина боја, железен фероцијанид, позната како пруско сино.
При изложување на УВ зраци (исто така присутни во сончева светлина), железото во недостапните делови би се намалило и хартијата би добила челична сиво-сина боја. Обемот на формирање на боја зависи во овој случај од количината на УВ светлина, но сосема прифатливи резултати може да се добијат по изложување од 10 - 20 минути, во облачно време. Процесот користи или големи негативи, или литографски филм, или предмети поставени директно на хартија, што значи правење фотограм.
По експонирањето, железото што не учествувало во реакцијата се измива со проточна вода за време на развивањето на сликата. Сината боја потемнува по сушењето, а овој ефект може дополнително да се забрза со натопување во 6 или 3% хидроген пероксид. Солите на тровалентното железо растворливи во вода се измиваат, додека пруската сина боја нерастворлива во вода останува во хартијата.
Тонирање Постојат 3 начини за менување на цијанотипиите: намалување на интензитетот на бојата, подобрување и тонирање.
За намалување на интензитетот користиме раствори на натриум карбонат, амонијак. Клорокс, тринатриум фосфат, боракс, Дектол. При постигнување на саканиот ефект, сликата се отстранува од растворот и се плакне со вода, со цел да се запре процесот на белење.
Доколку сакаме да зголемиме контраст и/или интензитет на бојата, најчести средства за постигнување на истото се водород пероксид, лимонска киселина или сок од лимон и оцет.
При тонирање, нашата цел е да ја промениме бојата на сликата, обично се користи танинска киселина, црн чај, вино, пирогалоична киселина или дури и урина од мачки.
Трајност За разлика од другите историски и современи фотографски постапки, цијанотипиите реагираат негативно на алкална средина. Затоа, не се чуваат во пакување од баферирана хартија или картон, бидејќи во таква средина сликите наскоро ќе избледат. Друга необична одлика на им е тоа што ако избледат поради влијанието на светлината, едноставното привремено складирање во темница значително ќе го врати првобитниот интензитет на бојата.
Цијанотипиите на текстилна основа никогаш не треба да се мијат со сапун што содржи фосфат.
Во Македонија мини|230пкс|Тонирана цијанотипија, дело на Сашо Алушевски, 2022 година. мини|350пкс|Цијанотипија изработена од Викторија Мачковска. Во Македонија, до скоро немало автори кои долгорочно и посветено се занимавале со цијанотипија. Во 2010-тите години, авторот Сашо Алушевски почнал посветено да испитува со таканаречените алтернативни или благородни форографски процеси, меѓу кои и цијанотипијата. Сашо заедно со Кети Талевска - Бакревска и Викторија Мачковска, го створиле и брендот „Cyanogifts“ за рачни изработки од цијанотипија.
Цијанотипијата е негувана и на фестивалот за алтернативна фотографија - „Зрно“.
Поврзано Нацрт-план Фотографско печатарско тонирање Монохром Филмско боење Рексограф Мимеограф Двотон
Наводи
Дополнителна литература
Надворешни врски
Нови цијанотипи на Мајк Вер - Нова верзија на процесот на цијанотипија, кој коригира и намалува некои од недостатоците на првичната Хершелова процедура. Галерија со преку 100 уметници кои работат применувајќи цијанотипија на AlternativePhotography.com* Друштво за фотографско Едел печатење - цијанотип
Gruppo Rodolfo Namias - Antiche Tecniche Fotografiche
Категорија:Фотографски постапки кои датираат од 19 век Категорија:Безударно печатење Категорија:Алтернативни фотографски постапки Категорија:Историја на фотографијата