Џонас Едвард Салк (28 октомври 1914 - 23 јуни 1995) бил американски медицински истражувач и виролог, познат по откривањето и развитокот на правата вакцина против детска парализа. Тој е роден во Њујорк и потекнувал од родители кои биле имигранти со руско и ашкенази-еврејско потекло. Иако тие немале многу формално образование, били одлучни да го обезбедат успехот на нивните деца. Додека го посетувал Медицинското училиште при Њујоршкиот универзитет, Салк се истакнал над неговите колеги не само заради неговата академска вештина, туку и заради тоа што избрал да се занимава со медицинско истражување, наместо да стане лекар.

До 1955 година, кога Салковата вакцина била воведена, детската парализа (полиомиелитис) се сметала за најзастрашувачкиот јавен проблем во поствоената историја на Соединетите Американски Држави. Епидемијата од 1952 била најлошата појава на детска парализа во историјата на државата. Од скоро 58.000 пријавени случаи таа година, 3.145 луѓе починале, а 21.269 останале со блага до сериозна парализа,Zamula E (1991). „A New Challenge for Former Polio Patients.“ FDA Consumer 25 (5): 21–5. FDA.gov со тоа што најголемиот број на жртви биле деца. Според историчарот Вилијам О’Нил, „...јавната реакција била како кон чума. Граѓаните на урбаните области биле преплашени секое лето кога овај застрашувачки посетител ќе се врател.“ Според еден документарец на PBS од 2009 година, „Освен од атомската бомба, најголемиот страв на Америка беше од полио“.„American Experience: The Polio Crusade“ Los Angeles Times, 2 февруари 2009 Како резултат на тоа, научниците биле во трка за да пронајдат начин за спречување или лекување на болеста. Претседателот на САД, Френклин Рузвелт, бил светски најпознатата жртва на болеста и ја основал организацијата која ќе го финансира развивањето на вакцина.

Во 1947 година, Салк почнал да работи во Медицинското училиште при Питсбуршкиот универзитет. Во 1948 година, тој започнал проект кој бил финансиран од Националната фондација за детска парализа за да го одреди бројот на различните типови на вирусот на детска парализа. Салк здогледал можнаст да го прошири овој проект кон развивањето на вакцина против детска парализа и заедно со истражувачката екипа која ја составил, се посветил кон оваа цел во наредните седум година. Теренската работа за испробување на Салковата вакцина, според О’Нил, била „најразвиената програма од овој тип во историјата, со 20.000 лекари, 64.000 вработени во училишта и 220.000 волонтери.“ Над 1.800.000 ученици учествувале во пробата.Rose DR (2004). „Fact Sheet—Polio Vaccine Field Trial of 1954.“ Архиви на March of Dimes. 11 февруари 2004. Кога веста за успехот на вакцината стапила во јавноста на 12 април 1955 година, Салк бил наречен „чудотворец“, а денот „скоро станал национален празник“. Неговиот фокус бил да развие безбедна и делотворна вакцина колку што е можно побргу, без интерес за личен профит. Кога бил прашан во едно телевизиско интервју за тоа кој го држи патентот за вакцината, Салк одговорил: „Нема патент. Може ли да се патентира Сонцето?“

Во 1960 година го основал Салковиот институт за биолошки истражувања во Ла Џола, Калифорнија, кој денес е центар за медицинско и научно истражување. Тој продолжил да врши истражувања и да издава книги, во кои се вклучуваат „Man Unfolding“ (1972), „The Survival of the Wisest“ (1973), „World Population and Human Values: A New Reality“ (1981) и „Anatomy of Reality: Merging of Intuition and Reason“ (1983). Салк своите последни години ги поминал барајќи вакцина против ХИВ.

Наводи

Надворешни врски

The American Experience: The Polio Crusade видео, 1 час, од PBS "Legacy of Salk Institute", видео, 30 минути, историја на Салковата вакцина "Polio Vaccine" intro., Britannica, видео, 1 минута 100 најважни луѓе на векот на магазинот „Тајм“ Jonas Salk Legacy Foundation Jonas Salk Trust Salk Institute for Biological Studies Документи поврзани со Џонас Салк и Салковата вакцина , Претседателска библиотека на Двајт Д. Ајзенхауер Мрежно место за Џонас Салк на Универзитетот од Питсбург Салково училиште за наука (Њујорк, САД)

Категорија:Американски биолози Категорија:Американски микробиолози Категорија:Американски физичари Категорија:Вакцинолози Категорија:Носители на Претседателскиот медал на слободата Категорија:Носители на Златниот медал на Конгресот Категорија:Американски пронаоѓачи Категорија:Родени во 1914 година Категорија:Починати во 1995 година