Пресвета Богородица Богопокриена или Рождество на Пресвета Богородица () — женски манастир кај селото Сухо, Лагадинско, Егејска Македонија. Претставува метох на светогорскиот манастир Дохијар.

Манастирот се наоѓа на 2 км западно од селото, на рид на Богданска Планина. Основан е во мај 1993 г. од игуменот на Дохијар, архимандритот Григориј. За една година е изградено едно крило и црквата „Св. Јован Богослов“. Почнал да работи во јули 1994 г., кога во него трајно се вселиле првите монахињи.

Наводи

Троица, Хаџи Маала Троица, Хаџи Маала Категорија:Појавено во 1994 година