Свети Димитриј () — црква на поранешен манастир кај селото Калапот, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.
Местоположба Храмот се наоѓа на 3 км западно од селото, на висорамнинка спроти падините на планината Сминица. До него води делумно одржан калдрмен пат. Од манастирскиот комплекс денес не останало ништо освен црквата.
Историја Црквата е изградена во 1865 г. со средства на казата според натписот на мермерна плоча над источниот прозорец. Во 1952 г. во манастирот починал последният монах — игуменот Дионисиј.
Архитектура Храмот претставува еднокорабен крстокуполен храм од тип распространет во XVI – XIX век на Света Гора и други места на Балканот. Апсидата е се издава на исток. На западната и дел од јужната страна има трем. Надворешните површини на црквата немаат никакви украси. Куполата е висок осумстран барабан, кој се исдига од страничните згради, без никаква друга потпора. Два пара столбови го делат олтарниот простор од наосот, а други две две го делат наосот од припратата. Припратата е покриена со напречен свод. Тремот првично бил отворен и со столбови, а подоцна е затворен. Покриен е со ниски лакови, кои седат врз ѕидот. Храмот два влеза — еден од западната и еден од јужната страна. Прозорците се тесни и правоаголни, сместени од северната, јужната и источната страна. Трикатната камбанарија е оформена на влезната оска на запад.
Црквата е исѕидана од речен камен и правоаголни мермерни блокови на аглите. Сводовите над окната исто така се од релјефни мермерни блокови. Тули има само во лаковите што го украсуваат куполниот барабан.
Внатре се зачувани иконостасните икони, резбаниот владички престол и резбаниот проскинитар. Резбаниот иконостас е висок речиси колку самата градба. Царските икони на Христос Седржител, Богородица, Свети Димитриј и Свети Јован Претеча се од 1866 г., дело на зоградот Јеремија од Мелник. Иконата на Свети Никола и Свети Харалампиј е датирана во 1872 г., порадена од Атанас Апостолов од Просечен и потпишана од Серги Георгиев.
Сите внатрешни површини се покриени со фрески од крајот на 1874 г. и имале македонски натписи. Со потпаѓањето на Егејска Македонија под грчка власт во 1913 г., овие натписи се избришани. Во апсидата е претставена Пресвета Богородица Поширока од небесата, а во куполата е Христос Седржител со четворицата евангелисти и пророци во барабанот.
Фрески
Поврзано Зихненско-неврокопска епархија
Наводи
Надворешни врски
Богородица, Калапот Богородица, Калапот Богородица, Калапот Категорија:Појавено во 1865 година