мини|десно|180п|Павилјон во црковниот двор Света Троица () — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија. Сместена е на истоимената улица „Агија Тријада“ во населбата Пирги. Храмот е црква на најголемата парохија во епархијата.
Историја Црквата е првиот храм изграден на југ вон ѕидините на Солун. Според црковните архиви, отворен е во 1832 г. и е меѓу првите неовизантиски цркви со купола. Во 1860-тите неговата женска црква се срушила, убивајќи 12 лица. За кратко во 1902 г. црквата престанала да работи. Во 1925 г. веројатно од кандило избувнал пожар, во кој изгореле дел од дрвениот иконостас и вредните икони на него изработени од монаси од светогорскиот скит Кавсокаливија. Во 1966 г. земјотресот на Халкидик му нанел сериозни штети на храмот. Специјалната комисија предупредила дека куполата ќе се сруши, што и се случило.
На 28 октомври 1956 г. е поставен камен-темелникот на новиот храм од митрополитот Пантелејмон I Солунски. Истиот владика ја отворил црквата во 1960 г. На 13 јуни 1970 г. храмот е осветен од викарниот епископ Стефан Талантски.
Архитектура Архитектурата на новиот храм е поинаква од онаа на црквата од 1832 г. и претсставува трикорабна базилика со камбанарија. Дело е на инженерот Варвоглу. Живописувањето на храмот е направено од 1970 до 1994 г. Од 1967 г. при храмот е создаден детски хор, духовен центар и спортски клуб „Анагениси“. Во 1972 г. за децата црквата основала детско одморалиште во Гомати на Халкидик за децата од парохијата.
Во храмот се чува вредна икона на Богородица, како и мошти на отците од манастирот „Св. Сава“, подарени од игуменаот на Панахрантоскиот манастир на 29 март 2002 г. Два дена подоцна црквата добила и мошти на подарок од митрополитот Пантелејмон II Солунски. Во 2002 г. во дворот е отворен параклисот „Св. Сава“.
Друг параклис на црквата е и храмот „Св. Соломониja“ на улиците „Кралица Олга“ и „Параскевопулос“, изградена во 1950 г. од архитектот Варис Карајанис со застаклена фасада. Во храмот има мошти на Света Соломонија, подарок од патријархот Атинагора.
Поврзано Солунска епархија
Наводи
Надворешни врски
Троица Троица, Солун Категорија:Појавено во 1960 година