Мигел Блеса де ла Пара (шпански: Miguel Blesa de la Parra; 8 август 1947 - 19 јули 2017 година) ― шпански банкар, претседател на шпанската банка Каха Мадрид (Caja Madrid) од 1996 до 2009 година.
Во февруари 2017 година, Блеса била осуден на шестгодишна затворска казна во врска со широко распространетата злоупотреба на кредитните картички на стопанското друштво за време на неговиот долг мандат како претседател на Каха Мадрид, но остана на слобода во очекување на исходот од жалбата до Врховниот Суд.
Блеса бил пронајден мртов на приватен ловечки имот во покраината Кордоба на 19 јули 2017 година, со рана од сачмарка во градите."Spanish Banker Miguel Blesa Found Dead on Country Estate". The New York Times. Reuters. 19 July 2017. Retrieved 19 July 2017. Обдукцијата на 20 јули потврдила дека тој се самоубил. Како смртта на Рита Барбера и другите од случајот „Гиртел“ (Франсиско Јањез, Марија дел Мар Родригес и Исидро Куберос), наследниците на Блеса се одговорни за отштета на оштетените.
Тој добил златен медал од Кралската академија за историја, и бил награден како Главен претседател на финансиски субјект за 2005 година од страна на Banca 15.
Наводи
Категорија:Родени во 1947 година Категорија:Самоубиства во 2017 Категорија:Дипломци на Универзитетот Гранада Категорија:Шпански измамници Категорија:Самоубиства со огнено оружје во Шпанија Категорија:Луѓе именувани во Панамските документи Категорија:Шпански банкари Категорија:Починати во 2017 година