„Убиство на свиреп и подмолен начин и од ниски побуди“ (српски: Убиство на свиреп и подмукао начин и из ниских побуда) – југословенски филм од 1969 година, во режија на Жика Митровиќ по сценариото на Милан Милиќевиќ - Ланг. Главните улоги ги толкуваат: Михаило Јанкетиќ, Ирена Просен, Зоран Милосављевиќ и Петар Краљ. По темата и по стилот, филмот се надоврзува на филмот на Митровиќ, „Нож“, а се одликува и со тоа што допира една тема која била табу во тогашната југословенска кинематографија — абортусот (кој во тоа време бил незаконски). Исто така, филмот го привлекол вниманието и со тоа што е снимен во стилот „cinema verite“, односно во него се користат и документарни сцени, како и славни личности кои се појавуваат во филмот глумејќи се себеси.РТС, Убиство на свиреп и подмукао начин и из ниских побуда (пристапено на 11.10.2022)

Синопсис Убиство извршено во центарот на Белград му обезбедува материјал на еден новинар за да ја пополни својата рубрика. Но, кога милицијата ќе уапси и обвини еден човек, кој по неговото мислење е невин, новинарот се замешува во истрагата при што среќава повеќе личности од чаршискиет кругови и од белградското подземје. Иако го изложува својто живот на опасност, најпосле, новинарот го иткрива убиецот.

Наводи

Категорија:Југословенски филмови Категорија:Криминалистички филмови Категорија:Филмови поврзани со убиства Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Белград Категорија:Филмови од 1969 година Категорија:Филмови на Жика Митровиќ Категорија:Филмови со Михаило Јанкетиќ Категорија:Филмови со Ирена Просен Категорија:Филмови со Зоран Милосављевиќ Категорија:Филмови со Петар Краљ