Петре Арсовски (р. во ) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Животопис
Петар Арсовски дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Бил првата генерација димломирани глумци заедно со Ѓорѓи Колозов, Мајда Тушар, Гоце Влахов, Снежана Киселичка, Кирил Псалтиров, Соња Каранџуловска, Ацо Дуковски, Лилјана Велјанова и Љупчо Петрушевски.
Првата улога Петре Арсовски ја остварува во 1968 година во претставата „Венецијански близнаци“ во улога Првиот полицаец, чија премиера била одржана на 12 декември 1968 година. Во текот на својата театарска кариера, учествувал во глумење на 58 ликови на сцената на МНТ, како и 16 ликови на други сцени од други театри.
За првпат на филм се појавил во играниот филм „Македонскиот дел од пеколот“ во 1971 година. Во 1974 година се вработил во Македонскиот народен театар каде се пензионирал во 2009 година. И покрај пензионирањето, Арсовски продолжил со играњето во претстави и филмови.
Тој во својата кариера има остварено, бројни филмски улоги, играјќи во над 60 филмови и над 20 телевизиски серии. Тој е единствениот македонски глумец кој има остварено над 80 филмски и телевизиски улоги, заедно со Петре Прличко, Мето Јовановски и Илија Џувалековски. Остварил главни улоги во филмовите: Истрел, Најдолгиот пат, Пресуда, Време, води, Среќна нова '49, Тетовирање, Стапица, Трето полувреме, Златна петорка. Играл и во телевизиските серии: Волшебното самарче, Бушава азбука, На наш начин, Трст виа Скопје, Во светот на бајките, Македонски народни приказни, Заведени и Сенки над Балканот.
Во 2018 година по повод 50 години од својата глумечка кариера, Арсовски направил изложба во фоајето на Македонскиот народен театар. Добитник е на повеќе награди и признанија.
Живее и работи во Скопје.
Театарски претстави Прв полицаец - Венецијански близнаци од Карло Голдони, режисер: Вукан Диневски, МНТ 1968; Мустаките на Зајко Рококајко од Ристо Давчевски, режисер: Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1973; Сенатор - Јас Клаудиј од Џон Мортимер, режисер: Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1973; Нојфел - Хелдерлин од Петар Вајс, режисер: Владимир Милчин, МНТ 1973; Крис - Сите мои синови од Артур Молиер, режисер: Илија Милчин, Драмски театар - Скопје 1974; Кирилов - Бесови од Арбер Ками, режисер: Илија Милчин, МНТ 1978; Затвореник - Александрија од Богомил Ѓузел, режисер: Владимир Милчин, МНТ 1978; Ѓорѓо - Чорбаџи Теодос од Васил Иљоски, режисер: Ацо Алексов, МНТ 1978; Писарот Пусич - Милион маченици од Ристо Крле, режисер: Петре Прличко, МНТ 1980; Страхиа - Војна и мир во Груда од Вељко Радовиќ, режисер: Благора Ераковиќ, МНТ 1981; Мочах - Свирач на покривот од Џери Бок, режисер: Владо Штефанчиќ, МНТ 1983; Бугар - Среќна нова '49 од Горан Михиќ, режисер: Слободан Унковски, МНТ 1985; Корнулов - Рамна земја од Ташко Георгиевски, режисер: Владимир Милчин, МНТ 1985; Екарт - Баал од Бертолт Брехт, режисер: Владимир Милчин, МНТ 1987; Михаил - Аудиција под нов покрив од Вацлав Хавел, режисер: Душан Наумовски, МНТ 1988; Пинч - Забуни од Вилијам Шекспир, режисер: Димитрие Османли, МНТ 1989; Јаков - Рави од Синиша Ковачевиќ, режисер: Љубиша Георгиевски, МНТ 1989; Новинар - Посета на старата дама од Фидрих Диренмат, режисер: Бранко Ставрев, МНТ 1990; Виктор - Гнев божји од Жаклина Мирчевски, режисер: Слободан Унковски, МНТ 1990; Иван - Крик од Блаже Миневски, режисер: Владимир Милчин, МНТ 1991; Ангеле - Буре барут од Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, МНТ 1994; Поп Милош - Бунт во домот за старци од Венко Андоновски, режисер: Бранко Ставрев, МНТ 1994; Осман бег - Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински, режисер: Сашо Миленковски, МНТ 1995; Инспекторот - Едмонд од Дејвид Мемед, режисер: Синиша Ефтимов, МНТ, 1997; Луков - Црнила од Коле Чашуле, режисер: Виолета Џолева, МНТ 2001; Павле - Гроф Миливој од Ристо Крле, режисер: Димитрие Османли, МНТ 2001; Икомо - Балканот не е мртов од Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, МНТ 2001; Робијашот - Демони од Фјодор Достоевски, режисер: Владимир Милчин, МНТ 2001; Тасин - Ослободување на Скопје од Душан Јовановиќ, режисер: Срѓан Јакаќиевиќ, МНТ 2002; Инспекторот - Чија си од Сашко Насев, режисер: Виолета Џолева, Универзална сала – Скопје 2004; Ревизор од Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, МНТ 2006; Таткото - Луди за љубов од Шем Сепарт, режисер: Нина Николиќ, Младински културен центар 2010; Чичко Јакоб - Разговор во четири очи од Ингмар Бергман, режисер: Нина Николиќ, МНТ 2015; Петар - Галеб од Антон Павлович Чехов, режисер: Нина Николиќ, МНТ 2018; Мортен Кил - Народен непријател од Хенрих Ибзен, режисер: Нина Николиќ, МНТ 2022; Везан и Рабинот - Сите сме птици од Важди Муавад, режисер: Слободан Унковски, МНТ 2022.
Филмографија
Година Филм Улога1970-ти▲ 1971 Македонски дел од пеколот ТВ-филм Панде Кајзеро 1972 Истрел ТВ-филм Игор 1973 Добра долина ТВ-филм 1973 Смилевскиот конгрес ТВ-филм Петар Ацев 1974 Средба ТВ-филм Јон 1974 Волшебното самарче ТВ-серија Петре 1975 Јад ТВ-филм 1976 Цимерите од соба 306 ТВ-филм Веле 1976 Најдолгиот пат ТВ-филм Јован 1977 Итар Пејо ТВ-серија Клисарот 1977 Нели ти реков ТВ-филм 1977 Пресуда ТВ-филм 1980-ти▲ 1980 Време води ТВ-филм Петар 1981 Булки крај шините ТВ-филм Ристе 1982 Јужна патека ТВ-филм Ѓорѓи 1982 Јагне на ражен ТВ-филм Кузман 1982 Илинден ТВ-серија 1983 Записник ТВ-филм 1983 Опасни траг ТВ-филм 1984 Нели ти реков ТВ-филм 1984 Белото циганче ТВ-серија 1984 Го мемираше мојот јастраб ТВ-филм Бајрам 1985 На наш начин 1985 Бушава азбука ТВ-серија 1985 Јазол ТВ-филм Симеон 1986 Среќна Нова ’49 ТВ-филм Бургер 1989 Еурека ТВ-серија Човекот1990-ти▲ 1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Геро 1991 Тетовирање ТВ-филм Командир 1992 Заминување од Пасквелија ТВ-филм Арџо 1992 Македонски народни приказни ТВ-серија 1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм Сакир 1993 Крик на немиот Индијанец ТВ-филм 1995 Ангели на отпад Џокер 1995 Македонски народни приказни ТВ-серија 1997 Џипси меџик ТВ-филм Босанац 1997 Добредојдовте во Сарајево ТВ-филм Џои 1998 Салон Хармони ТВ-серија Полицаецот 1998 Збогум на 20-тиот век ТВ-филм Мажот2000-ти▲ 2000 Је ли јасно пријатељу ТВ-филм Бесим 2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија 2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија 2000-2001 Досие Скопје ТВ-серија 2001 Одмазда ТВ-филм Александар 2002 Вампирџија 2002 Заведени ТВ-серија 2003 Седум приказни за љубовта и свршувањето ТВ-филм 2003 Едно од лицата на смртта ТВ-филм 2003 Волци ТВ-филм Лазе 2003 Нежната прашина на заборавот ТВ-серија Поп Серафим 2004 Големата вода ТВ-филм Воен доктор 2005 Обични луѓе ТВ-серија Трпе 2005 Бал-кан-кан ТВ-филм 2006 Караула ТВ-филм Илиевски 2006 Стрмоглави ТВ-филм 2006 Патувања со рабробил ТВ-филм 2006 Мост ТВ-филм Славеј 2006 Американецот ТВ-филм 2007 Стапица ТВ-филм Вељо 2009 На изгрејсонце ТВ-филм Војдан2010-ти▲ 2011 Ова не е американски филм ТВ-филм 2011 Мистер Рубин ТВ-филм Професор 2012 Скопје ремикс ТВ-филм 2012 Трето полувреме ТВ-филм Папас 2012 Човекот со чудна навика, да ме удира со чадор по глава ТВ-филм Боге 2013 Балканот не е мртов ТВ-филм Свештеник 2013 Равна гора ТВ-серија Душан 2014 До балчак ТВ-филм Прв трговец 2015 За кралот и татковината ТВ-филм 2015 Лазар ТВ-филм Добре 2015 Шишка делукс 2016 Ноќно живеење ТВ-филм 2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм Димчо 2016 Златна петорка ТВ-филм Џиџи 2017 На терапија ТВ-серија Татко на Владо 2017 Љубов и предавство ТВ-серија Џиџи 2017-2019 Сенки над Балканот ТВ-серија Газда Киро 2019 Ефектот на Среќа ТВ-филм Професорот2020-ти▲ 2020 Другарот ТВ-филм Димче 2023 Лена и Владимир ТВ-филм Васил 2024 На се ќе дојде крај ТВ-филм Амбасадор 2025 Константинова раскрсница ТВ-серија 2026 Сенки над Балканот 3 ТВ-серија Киро
Награди 1976 - фф Ниш Награда за најхумана улога во филмот „Најдолгиот пат“ 2018 - награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметностаДоделување на наградата 11 Октомври на семрежното место на Собранието на Република Македонија 2018 - Награда за животно дело Војдан Чернодрински 2021 - Награда „13 Ноември“ на град Скопје 2026 - Награда „Голема Ѕвезда"
Наводи
Надворешни врски
Биографија на Петре Арсовски на мрежното место на Македонски народен театар
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Мокрени Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Македонски глумци Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје