Јован Кратовски ― еден од македонските книжевници од 16 век, поврзан со традициите на Кратовската книжевна школа.
Животопис Основал своја школа во Кратово каде што го поминал поголемиот дел од својот живот. Подоцна се населил во Крајова, Влашко и таму ја продолжил својата книжевна дејност. Досега се идентификувани девет негови ракописи: еден молитвеник, еден литургијар и седум евангелија. Заслужен е за развивањето на словенското кирилично писмо како и за приближувањето на книжевноста на словенските народи во времето на турското владеење.
Поврзано
Кратовска книжевна школа Димитар Кратовски
Наводи
Категорија:Македонски преродбеници Категорија:Луѓе од Кратово Категорија:Родени во 1526 година Категорија:Починати во 1583 година