мини|Столбовите од синагогата во Градскиот парк Синагога Португезе — храм на португалските Евреи во Битола изграден во XVI век..

Местоположба Синагогата се наоѓала на местото од денешниот хотел „Гранд централ“, на аголот меѓу улиците „Филип II Македонски“ и „Св. Нектариј Битолски“.

Историја Евреите доселени од Португалија на почетокот за молитва се собирале во синагогата Арагон, а по 1580 години изградиле своја која се наоѓала спроти веќе постојната.

Во Првата светска војна при бомбардирањето на Битола (1917) синагогата била погодена и изгорела до темел. Не била обновена. Два столба од португалската синагога и денес се наоѓаат во Градскиот парк, кои во првите години по ослободувањето послужиле како постаменти за мермерните статуетки на пионерот и пионерката во Пионерското игралиште.

Опис Патник ја опишал синагогата како конструкција со три реда столбови што ја потпираат градбата одвнатре и дванаесет величествени куполи на нејзиниот кров, што на зградата и дава изглед на џамија или турски амам.

Наводи

Категорија:Синагоги во Битола