Ханука (), Празник на светлината или Празник на осветувањето — еврејски празник во чест на обновувањето на Ерусалим и повторното осветување на Вториот храм на почетокот на Макавејското востание против Селевкидското Царство во 2 век пр.н.е.
Заднина Ханука е прослава за победата на Макавејците над грчко-асирската војска предводена од Антиох и осветување на Вториот храм кој бил осквернавен за време на нивната окупација. Чудото на Ханука се состои во тоа што маслените ламби на ханукијата гореле осум дена и ноќи, иако имало маслиново масло само за еден ден.
Празнување Ханука е празник на светлината и трае осум дена и осум ноќи. За Ханука се користи посебен свеќник со осум свеќи познат под името ханукија или менора за Ханука. Свеќата што се наоѓа на издвоена позиција (повисоко или пониско од останатите) се користи како дополнителна свеќа за палење на другите свеќи и се нарекува шамаш. Палењето на свеќите е централен чин за Ханука; првата ноќ се пали првата свеќа од десната страна на ханукијата, а потоа секој нареден ден се пали по уште една. На овој начин, сите осум свеќи се запалени на осмиот ден и го симболизираат непрекинатото горење на маслото во Храмот по победата на Макавејците. За време на палењето на свеќите, се изговара текст кој почнува со зборовите анерот алалу (овие свеќи), во кој се набројуваат прописите за палење на ханука-свеќите и за начинот на однесување додека горат.
Религиозно гледано Ханука е мал празник, освен кога е Шабат, и важат забраните за работа.Некои обичаи при престанокот на работата сепак постојат, особено работните обврски за жените за периодот додека горат свеќите. Погледајте на пример, Eliyahu Kitov, "Working on Chanukah", тука. Славењето на Ханука тежнее да биде неформално и засновано на обичаи наместо на некои законитости. Трите широко прифатени обичаи се: Јадење на храна пржена во масло, како на пример крофни латкас, со што се одбележува чудото поврзано со маслиновото масло. Играње вртимушка (која на еврејски се нарекува севивон), со што се означува прикривањето на илегалните читања на Тората како игри за коцкање пред Макавејското востаниеСамата игра, сепак, има подоцнежно потекло. Погледајте на пример, David Golinkin, "The Origin of the Dreidel" at myjewishlearning.com тука. Давање џепарлак на децата, особено на монети, наречени ханукини пари. Истото под северноамериканско влијание е заменето со давање подароци што се надоврзува на славењето на Божиќ.Ханука и Божиќ се во истиот период од годината но не се поврзани религиозно.
Белешки
Наводи
Надворешни врски Hanukkah at About.com Hanukkah at the History channel Hanukkah at the Jewish Encyclopedia Hanukkah at the Jewish Agency for Israel Hanukkah at Chabad.org Hanukkah at Aish HaTorah
Категорија:Верски празници Празници Празници