мини|259x259пкс| Ханукија од Лемберг во Еврејскиот музеј во Њујорк Ханукија или менора за Ханука — канделабар со девет гранки кој се користи за време на осумдневниот еврејски празник Ханука. На осум од деветте гранки се поставуваат свеќи (или маслени светилки) кои ги симболизираат осумте ноќи на празникот; секоја вечер се пали по една свеќа повеќе од претходната, додека последната ноќ не се запалат сите осум свеќи. На деветтата гранка стои свеќата, наречена шамаш („помошник“ или „слуга“), која се користи за палење на останатите осум.
Ханукијата го одбележува, но е различна од, менората со седум гранки што се користела во древниот храм во Ерусалим. Заедно со менората со седум гранки и Давидовата ѕвезда, таа е меѓу најраспространетите артикли на еврејската церемонијална уметност.Judaism A-Z Yacov Newman, Gavriel Sivan
Градба За да биде кошер, шамашот мора да биде поставен на повисоко или пониско рамниште од главните осум свеќи (или маслени светилки), но постојат различни мислења за тоа дали сите свеќи мора да бидат поставени во права линија, или ханукијата може да биде и по крива линија.
Јавни настани лево|мини| Ханукија со Давидова ѕвезда Ханукијата често се прикажува во јавноста во деновите на празникот Ханука во декември. Избрани званичници често учествуваат во јавното палење на ханукија.
Јавни збирки Многу музеи имаат значајни збирки на ханукии, вклучувајќи ги и Израелскиот музеј, музејот на уметноста Метрополитен, и Еврејскиот музеј, во Лондон кој ја поседува ханукијата Линдо (најстарата ханукија изработена во Британија).
Има и збирка во малиот еврејски музеј во Рио де Жанеиро.
Галерија
Наводи
Надворешни врски Yearly lighting of the Menorah at the White House Hanukkah Lamps from the collection of The Jewish Museum (New York) Hanukkah lamp collection at the Israel Museum.
Категорија:Ханука Категорија:Канделабри Категорија:Еврејски ритуални предмети