мини|десно|250п|Месниот Меур со некои ѕвездородни области Месен Меур или Месна Шуплина, — релативна шуплина во меѓуѕвездената средина на Орионовиот Крак во Млечниот Пат. Ги опфаќа најблиските ѕвезди до нас и, меѓу останатото, Месниот Меѓуѕвезден Облак (во кој е Сончевиот Систем), соседниот G-облак, Подвижната група во Голема Мечка (најблиската ѕвездена подвижна група) и Хијадите (најблиското расеано јато). Има пречник од барем 300 светлосни години и се одликува со неутралноводородна густина од 0.05 атоми/см3, околу една десетина од просекот во меѓуѕвездената средина во Млечниот Пат (0,5 атоми/см3) и една шестина од онаа во Месниот Меѓуѕвезден Облак (0,3 атоми/см3).
Исклучително проретчениот гас во Месниот Меур е последица од експлозии на супернови од подвижната група Плејади во изминатите 10-20 милиони години, а меурот е остаточна суперобвивка.
Опис Сончевиот Систем веќе 5-10 милиони години патува низ подрачјето сега заземено од Месниот Меур. Сега се наоѓа во Месниот Меѓуѕвезден Облак (ММО), помало подрачје од погуст материјал во меурот. ММО настанал онаму кајшто се сретнале Месниот Меур и меурот Јамка I. Гасот во ММО има густина од приближно 0,3 атоми/см3.
Месниот Меур нема топчест облик, туку се стеснува во галактичката рамнина и станува јајцевиден ил елиптичен, проширувајќи се над или под рамнината како песочен часовник. Се граничи со други меури од помалку густа меѓуѕвездена средина, особено меурот Јамка I. Овој меур е исчистен загреан и одржуван од супернови и ѕвездени ветришта во здружението Скорпија-Кентаур, на далечина од 500 светлосни години од Сонцето. Меурот Јамка I ја содржи ѕвездата Антарес (Алфа Скорпија, α Sco). НЕколку тунели ги поврзуваат шуплините на месниот меур со меурот Јамка I, наречен „Волков Тунел“. Other bubbles which are adjacent to the Local Bubble аре меурите Јамка II и Јамка III. Во 2019 г. истражувачите на Антарктикот нашле меѓуѕвездено железо кое го ставаат во врска со Месниот Меѓуѕвезден Облак, кој може да е поврзан со образувањето на Месниот Меур.
Набљудување Од февруари 2003 до април 2008 г. вршено е испитување на врелиот гас во Месниот Меур од малата вселенска опсерваторија CHIPS на основа на плазмена спектрометрија. Месниот Меур е изучуван и од мисијата EUVE (1992–2001), кој ги испитувал врелите ултравиолетови извори во него. Најдени се извори надвор од работ на меурот, но тие се послаби заради погустата меѓуѕвездена средина. Во 2019 г. е изработена првата тридимензионална карта на Месниот Меур според набљудувања на расеани меѓуѕвездени појаси.
Влијане врз ѕвездообразбата Во јануари 2022 г. по пат на набљудување и моделирање е утврдено дека ширењето на меурот предизвикало насобирање на гас и отпад, и дека ова дејство е одговорно за образувањето на сите млади околни ѕвезди.
Овие млади ѕвезди обично се наоѓаат во молекуларни облаци како Биковиот и расеаното ѕвездено јато Плејади.
Поврзано Гулдов Појас Список на најблиски ѕвезди Орионов Крак Супермеур
Наводи
Надворешни врски
3Д-карта на Млечниот Пат и Орионовиот Крак Кој го надува облакот?
Категорија:Меѓуѕвездена средина