мини|лево|„Букет цвеќе во урна“ (1724) Јан ван Хејсум ( или ; 15 април 1682 - 8 февруари 1749) — холандски сликар.

Бил син на Јустус ван Хејсум, кој бил вешт украсувач на порти, паравани и вазни. Една негова слика е зачувана во галеријата во Брауншвајг, на која е насликан „Орфеј и ѕверовите во шумовит предел“, и тоа дава објаснение за наклоноста кон предели на неговиот син од обичен и аркадски тип; Јан ван Хејсум, иако бил вешт сликар на мртва пирода, се сметал себеси дека е генијален пределен сликар.

Половина од неговите слики во јавните галерии се предели, погледи на измислени езера и пристаништа со невозможни рушевини и класични зданија, и шуми со високи, неподвижни дрва - сето тоа мошне сјајно и измазнето, и сосема безживотно. Најстарото вакво дело му датира од 1717 г, и се наоѓа во Лувр. на него се прикажани моми во забел како бираат цвеќиња близу гроб, рушевини од портик, и далечен дворец на бреговите на езеро окружено со планини.

Некои од најдобрите негови слики со цвеќе и овошје се наоѓаат во приватни збирки во Англија: оние од 1723 во глеријата на ерлот од Елсмир, други од 1730-1732 во збирките на Хоуп и Ешбертон. Еден од најдобрите примероци сега се наоѓа во Националната галерија во Лондон (1736-1737). Ниеден друг јавен музеј нема подобри и побројни дела од Лувр, кој има четири предели и шест табли со мртва природа; потоа доаѓаат Берлин и Амстердам со четири цветно-овошни дела; потоа се Санкт Петербург, Минхен, Хановер, Дрезден, Хаг, Брауншвајг, Виена, Карлсруе, Бостон и Копенхаген.

Наводи

Надворешни врски Кратка биографија и две слики

Категорија:Холандски сликари Категорија:Сликари од златното време на Холандија Категорија:Пределни сликари Категорија:Цветни уметници Категорија:Родени во 1687 година Категорија:Починати во 1749 година Категорија:Луѓе од Амстердам Категорија:Родени во 1682 година