Пипемидинската киселина е синтетички произведено хемиско соединение од групата пиридопиримидини. Соединението е инхибитор на гираза и затоа се користеше како лек за антибиотска терпија за инфекции на мочните патишта.Pipemidsäure im Lexikon der Biologie, Spektrum.de. Соединението е познато под трговското име Палин®, порано употребувано за лекување на бактериски инфекции на долните мочните патишта (мочниот канал и мочниот меур).

Пипемидинската киселина е структурно слична на кинолоните; во споредба со налидиксинската киселина, таа има дополнителен супституент на пиперазин како додаток на друг атом на азот во секундарниот прстен (пиримидин).

Во 1974 година Данипон Фармацеутикалс го добил патентот за пипемидинска киселина. Во Европа, антибиотикот е достапен под трговското име Палин®, Дебластон®. Во 2018, Комисијата за медицински производи за употреба кај луѓе препорачала да се стави во мирување дозволата за пипемидинска киселина во Европа.

Наводи

Категорија:Пиперазини Категорија:Кетокиселини