Втората кинеско-јапонска војна (1937-1945) бил воен конфликт кој претежно се водел меѓу Република Кина и Царството Јапонија. Војната го опфаќа кинеското боиште како дел од поширокото тихоокеанско боиште во Втората светска војна . За почеток на војната се смета инцидентот на мостот Марко Поло на 7 јули 1937 година, по што спорот меѓу јапонските и кинеските трупи во Пекинг ескалирал во целосна инвазија. Оваа војна меѓу Кина и Јапонија честопати се смета за почеток на Втората светска војна во Азија.
Кина со помош на Советскиот Сојуз, Обединетото Кралство и САД се борела против Јапонија. По јапонските напади на Малаја и Перл Харбор во 1941 година, војната се споила со други конфликти кои главно се категоризираат како конфликти од Втората светска војна. Втората кинеско-јапонска војна била најголемата војна во Азија во 20 век. Оваа војна имала најмногу цивилни и воени жртви во Војната на Тихиот Океан при што загинале од 10 до 25 милиони кинески цивили а исчезнале или загинале преку 4 милиони кинески и јапонски војници или воен персонал. Војната се нарекува и „азиски холокауст“.
Војната била резултат на повеќедецениската јапонска империјалистичка политика за проширување на своето политичко и воено влијание во Кина за да си обезбеди пристап до суровини, храна и работна сила. По Првата светска војна, јапонската политика била погодена од силни потреси. Левичарите барале универзално право на глас и поголеми права за работниците. Зголеменото текстилно производство во кинеските фабрики негативно влијаело на јапонското производство, а со Големата депресија се забавувил извозот. Сето ова го поттикнало милитантниот национализам, кој кулминирал откако на власт дошла милитаристичка фракција. На чело на оваа фракција, со указ на императорот Хирохито, бил Хидеки Тојо од Здружението за помош на царското владеење. Во 1931 година, Мукденскиот инцидентот бил повод за јапонската инвазија на Манџурија. Кинезите биле поразени, а Јапонија создала нова марионетска држава, Манџукуо; многу историчари како почеток на војната ја наведуваат 1931 година. Од 1931 до 1937 година, Кина и Јапонија продолжиле да се препукуваат во мали, локализирани судири, таканаречени „инциденти“.
По инцидентот на мостот Марко Поло, Јапонците извојувале големи победи, и во 1937 година ги освоиле Пекинг, Шангај и кинескиот главен град Нанџинг, по што следел и масакрот во Нанџинг. Откако не успеала да го спречи продорот на Јапонците во Битката кај Вухан, кинеската централна влада била преместена во Чонгкинг (Чунгкинг) во внатрешноста на Кина. По кинеско-советскиот договор од 1937 година, добиената голема материјална поддршка ѝ помогнала на Националистичката армија на Кина и на кинеското воздухопловство да продолжат да даваат силен отпор против јапонската офанзива. Во 1939 година, по кинеските победи во Чангша и Гуангкси војната била во пат состојба. И Јапонците исто така не можеле да ги поразат кинеските комунистички сили во Шанкси, кои воделе тактика на саботажа и герилска војна против напаѓачите. Иако Јапонија владеела со големите градови, немала доволно човечки ресурси за да ги контролира огромните села на Кина. Во ноември 1939 година, кинеските националистички сили започнале голема зимска офанзива, а во август 1940 година, кинеските комунистички сили започнале контраофанзива во централна Кина. САД ја поддржале Кина преку серија санкции против Јапонија, што кулминирало со прекин на извозот на челик и бензин за Јапонија во јуни 1941 година. Исто така, со американски платеници како што се Летечките тигри ѝ дале директна дополнителна поддршка на Кина.
Во декември 1941 година, Јапонија ненадејно го нападнала Перл Харбор и ѝ објавила војна на САД. Соединетите Американски Држави за возврат ѝ објавиле војна на Јапонија и ја зголемиле воената помош за Кина, САД на Кина и дале вкупно 1,6 милијарди долари (18,4 милијарди долари во денешна вредност).Wolfgang Schumann (et al. Во 1944 година, Јапонија ја започнала операцијата Ичи-Го, инвазија на Хенан и Чангша. Сепак, не успеале да издејствуваат предавање од кинеските сили. Во 1945 година, кинеските експедициски сили го продолжиле да напредуваат во Бурма и го завршиле патот Ледо кој ги поврзува Индија и Кина. Истовремено, Кина започнала големи контраофанзиви во Јужна Кина и ги зазела Западен Хунан и Гуангкси. Јапонија формално се предала на 2 септември 1945 година. Кина била призната како една од четирите големи сојузници за време на војната, ги вратила сите територии изгубени од Јапонија и станала една од петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Имиња лево|мини| Генералисимус Чанг Кај Шек, врховен командант на сојузниците во кинескиот театар од 1942 до 1945 година лево|мини|Почетокот на војната Во Кина, оваа војна е најпозната како „Војна на отпорот против јапонската агресија“ ( ) или „Војна на отпорот“ (抗战;). Наречена е и „Осумгодишна војна на отпорот“ (八年抗战), но во 2017 година кинеското Министерство за образование издало директива во која се наведува дека учебниците треба да се повикуваат на војната како „Четиринаесетгодишна војна на отпорот“ (十四年抗战), ставајќи го фокусот на поширокиот воен конфликт со Јапонија кој датира со јапонската инвазија на Манџурија во 1931 година. Се нарекува и дел од „Глобалната антифашистичка војна“, а тоа е начинот на кој Втората светска војна е перцепирана од Кинеската комунистичка партија (ККП) и владата на НР Кина.
Во Јапонија, денес, најчесто се користи името „Јапонско-кинеска војна“ ().
Причини Причините за Втората кинеско-јапонска војна може да се најдат уште во Првата кинеско-јапонска војна (1894–1895), кога Кина со која владеела династијата Ќинг, била поразена од Јапонија и според Договорот од Шимоносеки била принудена на Јапонија да ѝ го отстапи Тајван и да ја признае целосната независност на Кореја. Династијата Ќинг била на раб на пропаст предизвикан од внатрешните бунтови и странскиот империјализам, а Јапонија прераснувала во велесила пред се поради своите ефективни мерки за модернизација.
Република Кина е основана во 1912 година, откако со Синхајската револуција била соборена последната кинеска династија, династијата Ќинг (1644–1911). Но, централната власт за брзо била расцепкана и републичкиот авторитет подлегнал на авторитетот на регионалните воени водачи. Било тешко да се замисли обединувањето на нацијата и намалувањето на влијанието на странските сили. Некои воени лидери дури се потпирале на одредени странски сили во меѓусебните битки. На пример, воениот лидер Жанг Зуолин од Манџурија неприкриено соработувал со Јапонците за воена и економска помош.
Дваесет и едно барање Во 1915 година, Јапонија го објавила Дваесет и едното барање за да изнуди поголеми политички и трговски привилегии од Кина, кои Јуан Шикаи ги прифатил.Hoyt, Edwin P., Japan's War: The Great Pacific Conflict, p. 45 По Првата светска војна, на Јапонија ѝ припаднала германската сферата на влијание во регионот Шандонг,Palmer and Colton, A History of Modern World, p. 725 што предизвикало антијапонски протести и масовни демонстрации во Кина. За време на владата на Беијанг, Кина останала внатрешно поделена и не можела да се спротивстави на странските упади. Со цел обединување на Кина и поразување на регионалните воени лидери, Куоминтанг (КМТ, позната и како Кинеска националистичка партија) во Гуангџоу ја започнала Северната експедиција (1926 до 1928) со ограничена помош од Советскиот Сојуз.
Инцидент во Џинан Националната револуционерна армија (НРА) основана од КМТ дејствувала во јужна и централна Кина, а во Шандонг се конфронтирала со јапонскиот гарнизон што подоцна ескалирало во вооружен конфликт. Овие конфликти се познати по заедничко име како инцидент во Џинан од 1928 година, кога јапонската војска убила неколку кинески официјални лица и истрелала артилериски гранати во Џинан. Се верува дека за време на овие конфликти биле убиени меѓу 2.000 и 11.000 кинески и јапонски цивили. Како резултат на инцидентот во Џинан сериозно се влошиле односите меѓу кинеската националистичка влада и Јапонија.
Повторно обединување на Кина (1928) Додека Националната револуционерна армија напредувала кон Пекинг, Жанг Зуолин решил да се повлече во Манџурија, а во 1928 бил убиен од Квантуншката армија.Boorman, Biographical Dictionary, vol. 1, p. 121 Неговиот син, Чанг Ксуелианг, ја презел функцијата водач на кликата Фенгтиан во Манџурија. Подоцна во истата година, Чанг одлучил да ја објави својата верност на националистичката влада во Нанџинг под раководство на Чанг Кај Шек, и како резултат на тоа, Кина била обединета под една влада.
Кинеско-советска војна (1929) Конфликтот од јули до ноември 1929 година поврзан со Кинеската источна железница дополнително ги зголемил тензиите во североисточна Кина. Победата на советската Црвена армија над силите на Чанг Ксуелианг не само што ја потврдила советската контрола на Кинеската источна железница во Манџурија, туку ги истакнала воените слабости на Кина кои што офицерите од јапонската Квантуншка армија брзо ги забележале.Michael M. Walker, The 1929 Sino-Soviet War: The War Nobody Knew (Lawrence: University Press of Kansas, 2017), p. 290.
Преформансите на советската Црвена армија, исто така, ги запрепастила Јапонците. Манџурија имала централна улога во јапонската политика за источна Азија. Победата на Црвената армија во 1929 година до срж ја разнишала таа политика. Во 1930 година, Квантуншка армија сфатила дека за Манџурија всушност се бори против Црвената армија која станувала сѐ посилна. Јапонските планови за освојување на североисточна Кина биле забрзани.Michael M. Walker, The 1929 Sino-Soviet War: The War Nobody Knew (Lawrence: University Press of Kansas, 2017), pp. 290–291.
Кинеската комунистичка партија Во 1930 година, во Кина избувнала Војната во Централните Рамнини, во која учествувале и регионални команданти кои биле во сојуз со Куоминтанг за време на Северната експедиција и со владата на Нанџинг под Чанг. Кинеската комунистичка партија (ККП) по масакрот во Шангај во 1927 година отворено се борела против владата на Нанџинг, и продолжила да се шири за време на оваа граѓанска војна. Владата на Куоминтанг во Нанџинг одлучила да се сконцентрира на напорите на потиснување на кинеските комунисти преку политиката на „прво внатрешно помирување, потоа надворешен отпор“ (Кинески: 攘外必先安內).
Историјат на борбите
Увертира: инвазија на Манџурија и Северна Кина лево|мини| Јапонските трупи влегуваат во Шенјанг за време на инцидентот во Мукден Граѓанската војна во Кина, на Јапонија ѝ овозможило лесно да ја нападне Манџурија кон која гледала како подрачје кое ќе ѝ овозможи неограничено снабдување со суровини, пазар за нејзините произведени стоки (сега исклучени од пазарите на многу западни земји како резултат на тарифите од времето на депресијата) и како тампон-држава против Советскиот Сојуз. По Мукденскиот инцидент во септември 1931 Јапонија директно ја нападнала Манџурија. Јапонија навела дека нејзините права врз Манџурија, воспоставени по нејзината победа во Руско-јапонската војна, биле систематски прекршувани и дека имало „повеќе од 120 случаи на повреда на права и интереси, мешање во бизнисот, бојкот на јапонски стоки, неразумно оданочување, притвор на поединци, конфискација на имоти, иселување, барање за прекин на бизнисот, напади и тепање и угнетување на корејските жители“.POLITICAL STRATEGY PRIOR TO OUTBREAK OF WAR PART I Japanese monograph No. 144
По петмесечни борби, Јапонија ја во 1932 ја основала марионетската држава Манџукуо, а последниот кинески цар, Пу Ји, бил поставен за нивни марионетски владетел. Кина која била воено премногу слаба за директно да се соочи со Јапонија, апелирала до Лигата на народите за помош. По истрагата на Лигата бил објавен Извештајот Литон, со кој се осудува Јапонија за упадот во Манџурија, по што Јапонија се повлекла од Лигата на народите. Освен млака цензура, ниту една земја не презела акција против Јапонија.