Тромбоцитниот фактор 4 (англиски: platelet factor 4, скратено PF4) е мала белковина која припаѓа на семејството на хемокини. Овие хемокини имаат C-X-C струкурен мотив па затоа е познат и како хемокин (мотив CXC) лиганд 4 (CXCL4). Овој хемокин се ослободува од алфа-гранулите на активираните тромбоцити за време на тромбоцитната агрегација и ја промовира коагулацијата на крвта со ублажување на ефектите на молекулите слични на хепарин. Поради оваа улога, се претпоставува дека има улога во поправка на раните како и во воспаление. Обично се наоѓа во комплекс со протеогликан.

Геномика Генот за човечки PF4 се наоѓа на човечкиот хромозом 4 .

Функција Тромбоцитниот фактор-4 е белковина од 70 аминокиселини кој се ослободува од алфа-гранулите на активираните тромбоцити и се врзува со висок афинитет за хепарин. Неговата главна физиолошка улога се чини дека е неутрализација на молекулите слични на хепарин на ендотелната површина на крвните садови, со што ја спречува (инхибира) локалната антитромбинска активност и поттикнува коагулација. Како силен хемоатрактант за неутрофилите и фибробластите, PF4 веројатно има улога во воспалението и поправката на раните.Eisman R, Surrey S, Ramachandran B, Schwartz E, Poncz M (July 1990).

PF4 е хемотактичка (привлекува движење на клетките кон супсанцата) за неутрофили, фибробласти и моноцити и стапува во интеракција со варијанта на рецепторот за хемокин CXCR3, познат како CXCR3-B.

Клиничко значење Комплексот од хепарин-тромбоцитен фактор-4 претставува антиген во аутоимуната реакција наречена хепарин индуцирана тромбоцитопенија (ХИТ), која се јавува по администрацијата на антикоагулантниот хепарин. Автоантитела против PF4 исто така се пронајдени кај пациенти со тромбоза и одлики налик на HIT, но без претходна администрација на хепарин.

Антителата против PF4 се имплицирани во случаи на тромбоза и тромбоцитопенија после вакцинација со вакцината Oxford–AstraZeneca или Janssen COVID-19 вакцината. Овој феномен е наречен имунолошка тромботична тромбоцитопенија (VITT) индуцирана од вакцина. Промените во изразувањето (експресијата) на PF4 се исто така поврзани со симптоми на долг КОВИД (англиски: long COVID).

PF4 е зголемен кај пациенти со системска склероза кои истовремено имаат и интерстицијална белодробна болест.

Човечкиот тромбоцитен фактор 4 ги убива паразитите од маларија во еритроцитите со селективно лизирање на дигестивната вакуола на паразитот.

Наводи

Категорија:Цитокини Категорија:Гени на хромозомот 4