„Нико, 1988“ (Nico, 1988) — филм од 2017 година на режисерката Сузана Никјарели (Susanna Nicchiarelli), која е авторка и на сценариото. Главните улоги ги играат: Трине Дирхолм (Trine Dyrholm), Џон Гордон Синклер (John Gordon Sinclair), Анамарија Маринка (Anamaria Marinca) и Шандор Фунтек (Sandor Funtek). На фестивалот во Венеција, филмот бил прогласен за најдобар во рамките на програмата „Хоризонти“.Nico, 1988., talijansko-belgijski film (пристапено на 3.1.2023)

Синопсис Пејачката Нико, на возраст од околу 50 години, живее осамено и скромно во Манчестер, далеку од гламурот на 1960-тите, кога таа му била муза на Енди Ворхол и пејачка на групата Велвет андерграунд. Меланхоличната Нико се бори со зависноста и со сопствените демони, а истовремено се обидува да го обнови односот со синот кого одамна не го имала видено. На наговор од менаџерот Ричард, таа се согласува да тргне на нова европска турнеја...

Наводи

Категорија:Филмови на Сузана Никјарели Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Италијански филмови Категорија:Белгиски филмови Категорија:Биографски филмови Категорија:Музички филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Манчестер Категорија:Филмови за музичари Категорија:Филмови со Шандор Фунтек Категорија:Филмови со Џон Гордон Синклер Категорија:Филмови со Трине Дирхолм Категорија:Филмови со Анамарија Маринка