„Сјај во очите“ (српски: Сјај у очима) — српски филм од 2003 година, во режија на Срѓан Карановиќ. Главните улоги ги играат: Сенад Алихоџиќ, Јелена Ѓокиќ, Ивана Боланча и Милена Дравиќ, а во филмот настапува и познатиот кошаркар Предраг Даниловиќ.РТС, Сјај у очима (пристапено на 17.1.2023)

Синопсис Србинот Лабуд (го игра Алихоџиќ) е млад студент кој бил принуден поради војната да ја напушти Краина. Тогаш, тој се разделува од девојката Вида која потоа ја бара, но во неговиот живот влегува друга девојка — Романа (ја игра Боланча) која е „од другата страна“, а која исто така морала да го напушти родниот дом. Тие се запознаваат со посредство на една агенција и така почнува нивната љубовна врска која се испреплетени духовите од минатото и разликите меѓу двајцата вљубени.

Наводи

Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Србија Категорија:Филмови од 2003 година Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на Срѓан Карановиќ Категорија:Филмови со Милена Дравиќ Категорија:Филмови со Јелена Ѓокиќ Категорија:Филмови со Сенад Алихоџиќ Категорија:Филмови со Ивана Боланча Категорија:Филмови со Горица Поповиќ Категорија:Филмови со Борис Комнениќ Категорија:Филмови со Бранко Цвејиќ