Корјо (; [ko.ɾjʌ]) ― држава на Корејскиот Полуостров основана по падот на државата Сила во 935 година и постоела до доаѓањето на власт на династијата Чосон во 1392 година. Името на денешна „Кореја“ е изведено од Корјо кое за првпат било употребено на почетокот од 5 век од Когурјо. Според корејските историчари, за време на Корјо, поединечните идентитети на Когурјо, Пекче и Сила биле успешно споени во еден ентитет кој станал основа на денешниот „корејски“ идентитет.
Времето на државата Корјо било познато како „Златно доба на будизмот“ во Кореја. Во Корјо имало развиена трговија, а трговци доаѓале дури од Блискиот Исток. Главниот град во денешен Кесонг, Северна Кореја бил центар на трговијата и индустријата. Корјо бил период на големи достигнувања во корејската уметност и култура.
Корјо постојано се борел со северните царства како Љао (Китани) и Џин (Џурчени). Кон крајот на 14 век, успеал да се одбрани од големата војска на Црвените турбани од Кина и јапонските пирати. Последниот напад против династијата Минг завршил со државен удар од генералот Ји Сонг-ги кој ставил крај на династијата Корјо.
Историја
Ран период
Основање мини|Освојувањето на Сила и Пекче од страна на Корјо лево|мини| Бронзена статуа од Теџо, 951 Кон крајот на VII век, кралството Сила ги обединило трите корејски кралства и настапил период во историографијата познат како „Обединета Сила“ или „Доцнежна Сила“. Кон крајот од 9 век, Обединета Сила, растргната од внатрешни судири, ослабнала и ја изгубила власта врз намесниците. Земјата западнала во граѓанска војна и востанија, по што накратко на Корејскиот Полуостров повторно се појавиле три држави. Ерата на трите кралства завршила откако Корјо во 936 година ги освоила Сила и Хупекче.
Доцен Когурјо потекнува од северните региони на Доцна Сила, кој заедно со неговиот главен град сместен во денешен Кесонг, Северна Кореја, биле упориште на когурјиските бегалци. Меѓу бегалците од Когурјо бил и Ванг Гон. Во 918 година, Ванг Гон со своите генерали го соборил кралот на Когурјо и на негово место ја основал државата Корјо. Ванг Гон, кој постхумно ќе стане познат по неговото храмско име Теџо или „Големиот прародител“, го вратил името на своето кралство во „Корјо“, го усвоил името на епохата „Небесен мандат“ и главниот град го преселил назад во Кесонг. Корјо се сметал себеси за наследник на Когурјо и полагал право на Манџурија како негово вистинско наследство. Еден од првите декрети на Теџо бил повторно да ја насели и заштити древната престолнина на Когурјо, Пјонгјанг, која долго време била во урнатини; потоа, ја преименувал во „Западна престолнина“, а пред да умре, ѝ придал големо значење во неговите Десет наредби за неговите потомци.
Обединување За разлика од Кунг Је, кој бил непријателски настроен кон Сила, Теџо (Ванг Гон) бил дарежлив кон ослабеното кралство. Во 927 година, Ќон Хвон, кој кога го основал Доцно Пекче се заветил дека ќе го одмазди последниот крал на Пекче, го ограбил главниот град на Доцна Сила, го принудил кралот да се самоубие и поставил марионета на престолот. Теџо ѝ дошол на помош на Доцна Сила, но во близина на денешен Тегу претрпел голем пораз од Ќон Хвон; Теџо едвај си го спасил од својот живот благодарение на саможртвата на генералите Шин Сеонгјеонг и Ким Нак, а потоа, Доцно Пекче станало доминантна воена сила меѓу подоцнежните три кралства. Меѓутоа, по победите над Доцно Пекче во 930 и 934 година и мирната анексија на Доцна Сила во 935 година, рамнотежата на силите превагнала кон Корјо. Теџо љубезно ја прифатил капитулацијата на последниот крал на Сила и воспоставил владејачката класа во Доцна Сила. Во 935 година, Ќон Хвон поради наследен спор бил сменет од престолот од неговиот најстар син и бил затворен во храмот Кејмсанса, но три месеци подоцна тој побегнал во Корјо и бил примен со почит од неговиот поранешен непријател. Следната година, по барање на Ќон Хвон, Теџо и Ќон Хвон со армија од 87.500 војници го освоиле Доцно Пекче, по што завршил периодот на подоцнежните три кралства. Корјо мирно ја анектирал Доцна Сила во 935 година и воено го освоил Доцно Пекче во 936 година, успешно обединувајќи го Корејскиот Полуостров.
По уништувањето на Бохај од страна на китанската династија Љао во 927 година, последниот престолонаследник на Бохај и голем дел од владејачката класа побарале засолниште во Корјо, каде што биле срдечно пречекани и дадена земја од Теџо. Покрај тоа, Теџо го вклучил Бохајскиот престолонаследник во кралското семејство Корјо, обединувајќи ги двете држави наследнички на Когурјо и, според корејските историчари, постигнал „вистинско национално обединување“ на Кореја. Според Goryeosa jeolyo, бегалците од Бохај кои го придружувале принцот престолонаследник броеле десетици илјади домаќинства. Теџо имал силен анимозитет кон Китаните кои го уништиле Бохај. Во 942 година, династијата Љао испратила 30 пратеници со 50 камили како подарок, но Теџо ги протерал пратениците на остров и ги изгладнувал камилите под мост, во она што е познато како „Инцидентот на мостот Манбу“ Според Зижи Тонџијан, Теџо му предложил на Гаотзу од Доцен Џин да ги нападнат Китаните за да им се одмаздат за Бохај. Исто така, во неговите Десет заповеди за неговите потомци, тој изјавил дека Китаните се „дивјачки ѕверови“ и треба да се чуваат од нив.
Корјо-китанска војна мини|Чеоли Џангсеонг (сина), ѕид изграден од Корјо во последиците од Корјо-Китан војната мини| Гравирањето на оригиналниот Tripitaka Koreana започнало во 1011 година за време на китанските инвазии за да се извлече сила од Буда за одбрана на кралството. По „Инцидентот на мостот Манбу“ во 942 година, Корјо се подготвил за војна со Китанското Царство: Чонџон во 947 година основал резервна воена сила од 300.000 војници наречена „Сјајна армија“, а Кванџон изградил тврдини северно од реката Чонгчон, проширувајќи се кон реката Јалу. Китаните го сметале Корјо за потенцијална закана и извршиле инвазија во 993 година. Корејците биле поразени во нивното прво соочување со Китаните, но успешно се одбраниле од нив на реката Чонгчон. Започнале преговори помеѓу командантот на Корјо, Сео Хуи и командантот на Љао, Ксијао Сунинг. Било заклучено, Корјо да стапи во номинално вазалство со Љао, да ги прекине односите со Сунг, а Љао на Корјо му ја отстапил земјата источно од реката Јалу. Потоа, Корјо на својата нова територија основал „Шест гарнизонски населби источно од реката“. Во 994 година, Корјо ѝ предложил на Сунг заеднички воен напад врз Љао, но бил одбиен; претходно, во 985 година, кога Сунг предложила заеднички воен напад врз Љао, Корјо одбил. Извесно време, Корјо и Љао биле пријателски настроени. Во 996 година, Сеонѓонг се оженил со принцеза од Љао.
Откако Китанското Царство се проширило и станало помоќно, побарало од Корјо да му ги отстапи Шестте гарнизонски населби, но Корјо одбил. Во 1009 година, Канг Џо извршил државен удар, го убил Мокчонг и го поставил Хјонџонг на престолот. Следната година, под изговор за одмазда на Мокчонг, царот Шенгзонг од Љао со армија од 400.000 војници извршил инвазија на Корјо. Во меѓувреме, Корјо се обидел да воспостави односи со Сунг, но бил игнориран, бидејќи Сунг во 1005 година го потпишал договорот од Чанјуан. Корјо победил во првата битка против Љао, но во втората битка војската на Корјо претрпела големи загуби и се разбегала, а многу команданти биле заробени или убиени, меѓу кои бил и Канг Џо. Подоцна, Пјонгјанг бил успешно одбранет, но војската на Љао тргнала кон Кесонг. Хјонџонг, по совет на Канг Гам-Чан, се евакуирал во Наџу, а набргу потоа Кесонг бил нападнат од војската на Љао. Ха Гонг-џин и Го Јеонг-ги биле пратени да бараат мир, со ветување дека кралот лично ќе му оддаде почит на царот Љао и на Китаните, кои биле напаѓани од прегрупираната корејска војска. Барањето било прифатено и започнале со нивното повлекување. Меѓутоа, Китаните биле непрестајно напаѓани за време на нивното повлекување; Јанг Гју спасил 30.000 воени заробеници, но умрел во битка. Според Историјата на Љао, Китаните ги зафатил силен дожд и фрлиле голем дел од својот оклоп и оружје. Според Корјоса, Китаните биле нападнати додека ја преминувале реката Јалу и многумина се удавиле. Исто така, Хјеонџонг не го исполнил своето ветување дека лично ќе му оддаде почит на императорот Љао, и кога од него било побарано да ги отстапи Шестте гарнизонски населби, тој одбил.
Во 1014 година, Китантите изградиле мост преку реката Јалу и го нападнале Корјо во 1015, 1016 и 1017 година. Во 1015 година победиле Корејците, во 1016 година Китаните и во 1017 година повторно Корејците. Во 1018 година, Љао со армија од 100.000 војници започнала инвазија на чело со Сјао Паја, постариот брат на Сјао Сунгнинг. Армијата на Љао била веднаш нападната од заседа и претрпела големи загуби: командантот на Корјо Ган Гам-Чан ја бранел големата притока на реката Јалу и ја пуштил водата врз китанските војници, кои потоа биле нападнати од 12.000-на елитна коњаница. Војската на Љао продолжила кон Кесонг под постојани непријателски напади, но откако не успеала да го заземе добро бранетиот главен град се повлекла. Војската на Љао додека се повлекувала во денешен Кусон била пресретната од Ган Гам-Чан и доживеала голем пораз, при што само неколку илјади војници избегале. Шенгзонг имал намера повторно да нападне, но се соочил со внатрешно противење. Во 1020 година, Корјо пратил данок и Љао прифатил, со што се обновиле номиналните вазални односи. Шенгзонг не барал Хјеонјонг лично да му оддаде почит или да ги отстапи Шестте гарнизонски населби. Единствени услови биле „декларација за вазалство“ и ослободување на притворениот пратеник на Љао. Хјеонџонг ја задржал титулата на владеење и одржувал дипломатски односи со династијата Сунг. Кесонг бил обновен, поголем од порано, и, од 1033 до 1044 година, за одбрана од идни инвазии бил изграден Чеоли Џангсеонг, ѕид кој се протега од устието на реката Јалу до источниот брег на Корејскиот Полуостров. Љао никогаш повеќе не го нападнал Корјо.
Златно доба По Корјо-китанската војна, била воспоставена рамнотежа на силите во Источна Азија помеѓу Корјо, Љао и Сунг. Со победата над Љао, Корјо бил уверен во своите воени способности и повеќе не бил загрижен за воената закана од Китаните. Фу Би, голем советник од династијата Сунг, високо ја проценил воената способност на Корјо и рекол дека Љао се плаши од Корјо. Понатаму, во врска со ставот на Корејците, тој рекол: „Помеѓу многуте племиња и народи кои, во зависност од нивната моќ на отпор, биле или асимилирани или станале вазали на Китаните, само Корејците не наведнуваат глави“. Сунг го сметал Корјо како потенцијален воен сојузник и одржувал пријателски односи како рамноправен партнери. Во меѓувреме, Љао се обидел да изгради поблиски врски со Корјо и да го спречи воениот сојуз Сунг-Корјо, повикувајќи се на занесот на Корјо со будизмот, и му понудил на Љао будистичко знаење и артефакти на Корјо. Во текот на 11 век, Корјо се сметал за „држава што може да даде воена надмоќ или на Сунг или на Љао“. Кога царските пратеници, кои ги претставувале императорите на Љао и Сунг, отишле во Корјо, тие биле примени како рамни на себе, а не како сузерени. Меѓународната репутација на Корјо била значително зголемена. Почнувајќи од 1034 година, трговци од Сунг и пратеници од различни племиња Џурчен и кралството Тамна присуствувале на годишниот Палгванхо во Кесонг, најголемата национална прослава во Корјо; трговците на Сунг присуствувале како претставници на Кина, додека пратениците Џурчен и Тамна присуствувале како членови на тијанксијата на Корјо. За време на владеењето на Мунџонг, присуствувале и Хеишуи Мохе и Јапонија, меѓу другите. Кралството Тамна на островот Чеџу било инкорпорирано во Корјо во 1105 година.