Кралството Канди ― монархија на островот Шри Ланка, сместено во средишниот и источниот дел од островот. Основано е кон крајот на 15 век и опстоило до почетокот на 19 век.

Кралството Канди прво било вазално кралство на Кралството Коте, но во текот на 16-тиот и 17-тиот век постепено прераснало независна сила, и во различни периоди за да го обезбеди својот опстанок склучувало сојуз со Кралството Јафна, династијата Мадураи Најак од Јужна Индија, Кралството Ситавака и холандските колонизатори.Enemy lines: childhood, warfare, and play in Batticaloa, Page 40, Author:Margaret Trawick, Publisher: University of California Press, 2007,

Од 1590-тите, Кралството Канди била единствена независна домородна држава на островот Шри Ланка и преку комбинација на воена тактика „удри и бегај“ и дипломатија ги ограничило европските колонијални сили на крајбрежјето, пред конечно да потпадне под британска колонијална власт во 1818 година.

Кралството по Кандијската конвенција од 1815 година како протекторат било апсорбирано во Британската Империја, а својата автономија дефинитивно ја изгубило по Востанието од Ува во 1817 година.

Поврзано

Историја на Шри Ланка

Наводи

Надворешни врски

Британски Цејлон и Кралството Канди 1805 година (карта) Кралството Канди Откријте го шармантното Канди

Категорија:Држави и територии настанати во 1469 Категорија:Историја на Шри Ланка Категорија:Поранешни монархии во Азија Категорија:Поранешни држави во Азија Категорија:Поранешни кралства Категорија:Држави и територии распаднати во 1815 година