Долен Чернец или Долно Черенци () — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија.

Географија Селото се наоѓа во областа Мала Река, дел од поголемата македонска област Голо Брдо. Сместено е во нспоредна близина на границата со Македонија.

Историја Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Черепецъ е дел од Грика Вогел (Мала Река) и во него живеат 230 Арнаути муслимани.

По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.

Во 1940 г. Миленко Филиповиќ напишал дека Чернец е албанско село со 30 куќи, дел од областа Голо Брдо.

Според податоците, Черенец долго било едно село со две маала, а нивната формална поделба се случила во поново време. До 2015 г. било дел од тогашната Општина Горица.

Иселеништво Семејството Кочи од Чернец се преселило во горнодебарското село Селокуќи во Македонија во 1941 г. Не е укажано дали биле од Горен или Долен Чернец.

Поврзано Голо Брдо

Наводи

Категорија:Села во Албанија Категорија:Голо Брдо Категорија:Булчица