Grove.io, првично како Convore, ― семрежен прилог за разговор во живо, создадена од соосновачите Ерик Флоренцано, Лија Калвер и Ерик Мегваер.
PC World рекле: „Работи како агрегат за вести, како и форум за прашања/одговори за своите огромен број теми“; според MIT Technology Review, таа ја имала „исполираноста и повратниот одговор што им недостигаат на повеќето нови (мрежни) места кои се слични“.
Во јануари 2012 година, Convore се свртел кон Grove.io, со фокус на обезбедување услуги за бизниси, и како основна одлика што била заснована на IRC. Претстојното затворање на услугата на Convore било објавено на нивната мрежна страница и на Твитер во февруари истата година.
Во октомври 2016 година, Grove.io објавиле дека се затвора и им препорача на корисниците да користат Slack како замена.
Наводи
Надворешни врски
Архива на Convore Категорија:Семрежни прилози Категорија:Семрежни својства појавени во 2011 година Категорија:Семрежен разговор Категорија:Мрежни места за разговор