Кејт Буш (родено име Кетрин Буш (анг: Catherine Bush); родена на 30 јули 1958 година во Бекслихт, Кент) ― англиска пејачка, текстописец, музички продуцент и танчерка. Во 1978 година, на свои 19 години, по објавувањето на нејзиниот деби-сингл „Wuthering Heights“ четири недели била на врвот на UK Singles Chart, и со тоа станала прва жена која била на прво место во Обединетото Кралство со сопствена песна. Кејт Буш потоа објавила уште 25 песни кои се пласирале на британскиот Топ 40, меѓу кои се и песните кои влегле меѓу Топ 10: "The Man with the Child in His Eyes", "Babooshka", "Running Up That Hill", "Don't Give Up" (дует со Питер Гејбриел) и "King of the Mountain". Сите нејзини студиски албуми се нашле во Топ 10 во Обединетото Кралство, и сите освен еден биле меѓу првите пет албуми во тој период. Нејзини најпопуларни албуми се Never for Ever (1980) кој се искачил на прво место на топ листата за албуми во ОК, Hounds of Love (1985) и компилацијата The Whole Story (1986). Таа била прва британска соло пејачка која се искачила на врвот на топ листите за албуми во Обединетото Кралство и прва пејачка која дебитирала на прво место на топ-листата на албуми.
Кејт Буш почнала да пишува песни на 11 години. Потпишала со ЕМИ Рекордс откако гитаристот од Пинк Флојд, Дејвид Гилмур, ѝ помогнал да го сними демо записот. Нејзиниот деби албум, The Kick Inside, бил објавен во 1978 година. Буш полека стекнувала независност во продукцијата на албуми и од The Dreaming (1982) самата си ги продуцирала сите нејзини студиски албуми. Направила пауза помеѓу седмиот и осмиот албум, The Red Shoes (1993) и Aerial (2005). Буш повторно го привлекла вниманието во 2014 година со нејзината концертна резиденција „Пред зори“, нејзини први концерти по „Турнејата на животот“ во 1979 година. Во 2022 година, „Running Up That Hill“ повторно била во центарот на вниманието откако се појавила во телевизиската серија Почудни нешта, по што станала втора песна на Кејт Буш која се нашла на прво место во Обединетото Кралство, а била на врвот и на неколку други топ листи. Песната, исто така, се искачила 3-то место на американскиот Билборд Хот 100, а албумот во кој се појавила, Hounds of Love, станал прв албум на Кејт Буш кој стигнал до врвот на <i id="mwOA">Билборд листата за албуми</i>.
Кејт Буш 13 пати била номинирана за Brit Awards, а во 1987 година ја добила наградата за Најдобара британска соло пејачка. Исто така, таа била номинирана за три Греми награди. Во 2002 година, Буш ја добила Ајвор Новело наградата за исклучителен придонес во британската музика. За придонесите во музиката, на Новогодишните почести во 2013 година, Кејт Буш била именувана за командант од Редот на Британската Империја (CBE). Во 2020 година станала член на Ајворс академијата во ОК. Истата година, нејзиниот албум Hounds of Love бил рангиран на 68-то место на листата од Rolling Stone - 500 најдобри албуми на сите времиња. Во 2021 година, „Running Up That Hill“ се нашол на 60-то место на листата 500 најдобри песни на сите времиња од Ролинг Стоун Кејт Буш четири пати била номинирана за да биде воведена во Куќата на славните од рокенролот: 2018, 2021, 2022 и 2023 година. https://www.rockhall.com/2023-nominees Во 1999, VH1 ја рангирал на 46-то место на нивната листа „100 најголеми жени од рокенролот“.
Дискографија Студиски албуми:
The Kick Inside (1978) Lionheart (1978) Never for Ever (1980) The Dreaming (1982) Hounds of Love (1985) The Sensual World (1989) The Red Shoes (1993) Aerial (2005) Director's Cut (2011) 50 Words for Snow (2011)
Наводи
Надворешни врски
Kate Bush at AllMusic Kate Bush discography at Discogs
Kate Bush interview, Ireland, 1978
Категорија:Англиски рок-пејачи Категорија:Римокатолички христијани од Англија Категорија:Заповедници на Редот на Британската Империја Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1958 година Категорија:Англиски пијанистки Категорија:Рок пејачки Категорија:Пејачи со вокален дијапазон од 3 октави Категорија:Добитници на наградата „Ајвор Новело“ Категорија:Англиски кантавторки Категорија:Англиски поп-пејачки Категорија:Англичанки во електронската музика Категорија:Англиски гитаристки Категорија:Англиски сопрани Категорија:Англиски рок пијанисти Категорија:Англиски рок клавијатуристи Категорија:Англиски музички продуценти Категорија:Англичани со ирско потекло Категорија:Британски музички продуцентки Категорија:Добитници на Британски музички награди Категорија:Арт рок музичари Категорија:Арт поп музичари Категорија:Пејачи од Лондон