десно|мини|200x200пкс| Зад непчените лакови се гледаат зголемени непчени крајници Крајници () — групи на лимфно ткиво кои се наоѓаат под епителот во устата и голтникот. Тие создаваат лимфоцити и се дел од имунолошкиот систем, а нивната улога е да го заштитат горниот дел на дишниот систем од инфекции.
Постојат четири вида крајници: непчени крајници (), голтничен крајник (), јазичен крајник (), тубен крајник ().
Сите тие го чинат т.н. Валдееров лимфен прстен (). Големината на крајниците е најголема во детството, а во периодот на пубертетот почнуваат полека да атрофираат заради намалувањето на бројот на лимфните јазли.
Поврзано Непчен крајник Голтничен крајник Јазичен крајник Тубен крајник
Наводи
Категорија:Лимфен систем