Винца () — река во Гребенско, Егејска Македонија, лева притока на Бистрица.По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Реката извира на планината Црвена Гора источно од врвот Падес (1.110 м). Тече на север, по што западно од врвот Микро Кастраки (1.126 м) свртува на запад, а кај врвот Вуртопос на југозапад. Тука го носи името Палиомадано или Палиоманданос. Излегува од планината источно од врвот Панделони и фаќа јужен правец. Тука го носи името Хаврос. Минува источно од врвот Кукос (689 м) и го добива истото име Кукос. Се влева во Бистрица под името Винца кај селото Земњач.

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Притоки на Бистрица (Егејска Македонија) Категорија:Гребен (општина)