десно|мини|Џебен заштитник кој го промовира семејството на оперативни системи Линукс. Џебен заштитник ― обвивка предвидена да држи инструменти за пишување и други мали алатки во џебот на кошулата, заштитувајќи ја од кинење или правење дамка. Може да се користи за носење пенкала, моливи, шрафцигери, мали логаритмари и други мали предмети. Поклопецот над надворешната страна на џебот помага да биде зацврстен заштитникот за џебот. Џебните заштитници првично биле направени од поливинил хлорид (ПВЦ).

Пронајдок Заштитникот за џебот бил измислен за време на Втората светска војна од страна на Харли Смит додека работел во Бафало, Њујорк. Тој бил награден со патент за уредот на 18 март 1947 година; патентот бил поднесен на 3 јуни 1943 година.

Конкурентно барање за пронајдокот дошло од пластичниот големец Герсон Страсберг од Лонг Ајленд околу 1952 година. Страсберг работел на пластични заштитнци за банкарски книги. Еден ден ја ставил во џебот од кошулата една на која работел додека се јавувал на телефон. Кога го забележал таму, сфатил дека ќе биде одличен производ.

Употреба Заштитниците за џебови со втиснати логоа или имиња на претпријатија најпрво биле пласирани на претпријатијата како промотивна стока. Наскоро се појавил поопшт пазар, составен од студенти, инженери и канцелариски работници од различни области. Тие станале дел од модниот стереотип „бубалица“ или „информатичка бубалица“, веројатно поради нивната поврзаност со инженери или студенти.

Наводи

Останати извори

Слатала, Мишел. „Класична облека за нервоза; џебен заштитник, проектор за слика“. New York Times 24 јуни 1999 година.

Надворешни врски

Мрежен музеј на џебни заштитници Категорија:Модни додатоци