Рудинско кале (, Κάστρο Αλώρου) — античка утврдена населба над селото Рудино во Мегленско, Егејска Македонија.

Ископувања Населбата е откриена во 1913 г., веднаш по припојувањето на Егејска Македонија кон Грција, од истакнатиот грчки археолог Николаос Пападакис. Понатамошни ископувања се вршени во 1986, 1993 и 1996 г., но прилично делумно.

Опис Наоѓалиштето е сместено на југ-југоисток од Рудино, на рид во меандер на реката Мегленица, која го оградува од север, исток и југ. Ридот дава поглед на целата котлина Мъглен и од него се контролира влезот во котлината и комуникациите меѓу јужните и источните краишта по реката. Населбата веројатно ги експлоатирала околните наоѓалишта на бакар, железо и злато.

Тврдината претрпела значителни штети, особено кај бедемот. Била населена од доцното бронзено време, па сè до постримското (ранохристијанско) време.

Во југозападниот дел на ридот, внатре зад ѕидините се откриени гробови од железно време, склад за питоси, работилница и голем број тегови за разбој кои датираат од развиениот хеленистички период. Бедемот датира од ранохристијанско време, изграден врз претходно постоечки ѕидини. Изѕидан е од камен, фрагменти од ќерамиди и тули од градби од порани периоди со малтер. Западната ѕидина е долга 155 м и ширината во последниот постримски период изнесува 2,10 м на југ и 1,40 м на север. Во западниот дел ѕидовите надминуваат 5 м во висина. Влезот е во облик на двојна ниша на издолжено П со големина 7,00 x 7,80 м. Во влезот е употребен варовник од Воденско, како и месен вулкански камен. Во просторот заграден од ѕидините се откриени остатоци од населба од железно време.

При ископувањето се пронајдени македонски и други монети од IV – II век п.н.е. Многу од монетите се на Александар III Македонски со неговия портрет од едната страна и коњот Букефал од другата.

Препознавање Откривачот на населбата Николаос Пападакис уште во 1913 г. ја поистоветил со античкиот град Европ. Европ заедно со Орма и Апсал е еден од трите града во Алмопија споменати од Клавдиј Птолемеј во II век.

Согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија, во 1922 г. Рудино е преименувана во Алорос според името на античкиот град Алор во древномакедонската област Алмопија, споменат во пловидбениот патопис на Псевдо-Скилакс: „Првиот град на Македонија е Хераклион, потоа Дион, Пидна, Метоне и реката Халијакмон, градот Алор и реката Лидија, градот Пела со царскиот дворец во него до кој се стасува по реката Лидија. Потоа е реката Аксиј, реката Ехедор, градот Терме, Енеја“ (67). Според некои стручњаци, калето е Алор.

Во 1998 г. наоѓалиштето е прогласено за заштитен археолошки споменик.

Поврзано Рудински мост — стар камен мост во околината

Наводи

Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Меглен