Литиум бромид (LiBr) е хемиско соединение од литиум и бром. Неговиот екстремен хигроскопски карактер го прави LiBr корисен како десикант во одредени климатски системи.name=Ullmann>Wietelmann, Ulrich and Bauer, Richard J. (2005) "Lithium and Lithium Compounds" in Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry Wiley-VCH: Weinheim.

Продукција и својства

LiBr се подготвува со третирање на водена суспензија на литиум карбонат со бромоводородна киселина или со реакција на литиум хидроксид со бром.name=Ullmann Формира неколку кристални хидрати, за разлика од другите бромиди на алкални метали.

Литиум хидроксидот и бромоводородната киселина (воден раствор на бромоводород) ќе таложат литиум бромид во присуство на вода.

LiOH + HBr → LiBr + H2O

Употреба 50-60% од водениот раствор на литиум бромид се користи во системите за климатизација како десикант. Се користи и при апсорпционо ладење заедно со вода (види ладилник за апсорпција). Цврстиот LiBr е корисен реагенс во органската синтеза. Тој е вклучен во катализаторите за оксидација и хидроформилација; исто така се користи за депротонација и дехидрација на органски соединенија кои содржат кисели протони и за прочистување на стероиди и простагландини.

Апликација во медицината Литиум бромидот се користел како седатив почнувајќи од раните 1900-ти, но во 1940-тите неговвата употреба како седатив се намалила кога станале достапни понови седативи и кога некои пациенти со срцеви заболуивања починале, по употреба на замената за сол, литиум хлорид.. Како литиум карбонатот и литиум хлоридот и литиум бромидот се користи како третман за биполарно растројство.

Опасности Литиумовите соли се психоактивни и донекаде корозивни. Топлината брзо се создава кога литиум бромидот се раствора во вода бидејќи има негативена вредност за енталпија на растворот.

Наводи

Цитирани извори

Надворешни врски

Категорија:Бромиди Категорија:Метални халиди Категорија:Седативи