мини|Видео од „куче што лае“ во Институтот за хемија, Скопје. мини|Видео со реакцијата „куче што лае“ од Максим Биловицки. „Куче што лае“ ― егзотермна хемиска реакција која е резултат на палење на мешавина од јаглерод дисулфид и азотен оксид. Кога ќе се запали во цилиндрична цевка, реакцијата произведува силен блесок и гласно лаење - што потсетува на куче што лае.
Во едноставни поими, реакцијата „куче што лае“ е постапка на согорување, во кој горивото (јаглерод дисулфид, CS2) реагира со оксидирачки агенс (азотен оксид, N2O), произведувајќи топлина и елементарен сулфур. Предниот дел на пламенот во реакцијата е зона на многу жежок, прозрачен гас, произведен од реактантите кои се распаѓаат.
8 N2O + 4 CS2 → S8 + 4 CO2 + 8 N2
Во април 1853 година, Јустус фон Либиг ја направил изведбата пред баварското кралско семејство; но, стаклениот сад се скршил, а парчиња стакло нанеле полесни повреди на лицата на кралицата Тереза, нејзиниот син принцот Луитполд и самиот Либиг.
Наводи
Надворешни врски
„Куче што лае“ (бавно движење) - периодичен систем на видеа, Универзитет во Нотингем „Куче што лае“ на мрежното место на Универзитет во Лидс Елементарни продукции: Реакција „куче што лае“ од мали размери @ youtube Категорија:Хемиски реакции Категорија:Статии кои содржат видео клипови Категорија:Хемиски наставни опити