Лири блуз фестивалот, бил основан во 1988 година. Тој е еден од главните блуз музички фестивали во Италија. Фестивалот се одржува секоја година во јули, во близината на градот Рим, во Исола дел Лири, мал град збратимен со градот Њу Орлеанс од 1997 година.

Фестивал десно|мини|173x173пкс| Настап на Д-р Џон во 2010 година Фестивалот Лири блуз се одржува од 1988 година во Исола дел Лири, мал италијански град познат по својот уникатен водопад, кој е висок 28 метри и се наоѓа во центарот. Фестивалот е бесплатен. Тој е годишен настан и најчесто се одржува во текот на месец јули. Концертите се одржуваат на главниот плоштад Пјаца Бонокомпањи, на улиците, а џем сесиите се одржуваат доцна во ноќта.

По првичниот успех, во првите неколку години, фестивалот Лири блуз бил споделен со соседните градови, особено со Ферентино и Вероли. Од раните години на 21 век, Исола дел Лири повторно е централна локација за фестивалот. Плоштадот Бонкомпањи е домаќин на главните настани исто како и за првата свирка во 1988 година.

Зимската сесија на фестивалот била воведена на почетокот на векот („Лири блуз зима“), на кој настапиле некои познати италијански блузмени како Роберто Чиоти, Фабио Тревес и Паоло Бонфанти.

Историја Рани години лево|мини|150x150пкс| Бади Гај на Лири блуз 1989 година Меѓу првите години, во организација на џез клубот Биг Мама, во Лири блуз настапувале значајни блуз музичари, како што се: Алберт Кинг, Пинетоп Перкинс и Бади Гај.

Во 1990-тите на фестивалот постепено се приклучиле различни жанрови и влијанија. Во Изола дел Лири свиреле музичари како што се Јорма Кауконен од Џеферсон Ерплане, Арт Ансамбл од Чикаго, Пентангл, Ферпорт Конвенција, Елиот Марфи и Флештонс. Лири блуз, сепак, останал чисто блуз фестивал, а до крајот на 20 век, фестивалот траел единаесет дена низ провинцијата.

Збратимување со Њу Орлеанс десно|мини|210x210пкс| Потпишување на збратимување помеѓу заедниците Исола дел Лири и Њу Орлеанс (Њу Орлеанс, 7 јануари 1997 година). На 7 јануари 1997 година, за десет годишницата од фестивалот Лири блуз, тогашниот градоначалник на Исола дел Лири и иницијаторот на фестивалот отишле во Луизијана за да го потпишат збратимувањето помеѓу двата града. Прославите на партнерството продолжиле во Исола дел Лири, каде што кларинетистот Алвин Батист одржал концерт на кој зеле учество музичари од областа на Исола и Њу Орлеанс.

Алвин Батист ја извел џез песната наречена Изола дел Лири, компонирана за таа прилика, а подоцна ја вклучил во албумот Песни, зборови и пораки, врски.

Враќање во Исола дел Лири лево|мини|230x230пкс| Јули 2010, на плоштадот Бонкомпањи, Исола дел Лири Во 2001 година Исола дел Лири се вратила како главна локација за фестивалот, прво а плоштадот Тријада, а потоа на плоштадот Бонкомпањи.

Во 2002 година радио станицата РАИ започнала да го следи целиот фестивал. Тие пренесувалe снимки во живо (како концертот на Робен Форд) и направиле интервјуја со Рој Роџерс и други. Оттогаш до денес, соработката со РАИ продолжила.десно|мини|220x220пкс| Робен Форд во Лири блуз (СС. Плоштад Тријада, Исола дел Лири, октомври 2002 година) Меѓу другите уметници кои настапувале на фестивалот, биле: д-р Џон, Алвин Батист, Рокин Допси, Си Џеј Чениер и Закари Ричард. Најистакнати од европските музичари биле англиските изведувачи како Пол Ламб, Џон Мартин и Робин Троуер, а британскиот блуз главно бил претставен со композитори како Џон Мејал и Блузбрејкерс, Мик Тејлор и Ерик Бурдон.

Меѓу Италијанците, други позначајни уметници се Руди Рота, Алекс Брити, Толо Мартон, Роби Зонка, Гвидо Тофолети.

Во последниве години имало традиционални блуз музичари како Ал Купер и Таџ Махал, необични ликови како Отис Тејлор, Масео Паркер, Колосеум и вешти гитаристи како Сони Ландрет, Дерек Тракс и Алберт Ли.

Изведувачи Уметници кои настапувале на фестивалот Лири блуз од 1988 година вклучуваат:

Џони Адамс Алберт Кинг (1989) Лутер Алисон (1996) Алвин Батист (1997) Кери Бел (1999, 2005) Ерик Биб (2000, 2003, 2011) Били Бранч (1995, 1999) Алекс Брити (1991) Браќата Кембел (2008) Бади Гај (1989) Хирам Булок (1998) Роберто Чиоти (1990, 2004) Џон Клири (2008) Џејмс Котон (1993)

Џими Докинс (1994) Вили Девил (2007) Бо Дидли (1997) Робен Форд (2001) Рути Фостер (2010) Џон П. Хамонд (1990, 2001) Кори Харис (1999, 2005) Скот Хендерсон (1998) Д-р. Џон (2010) Џими Џонсон (1998) Јорма Кауконен (2003) Вили Кент (2001) Ал Купер (2006) Сони Ландрет (2004, 2011)

Пол Ламб (2003) Алберт Ли (2011) Луизијана Ред (1988) Џон Мартин (1990) Џон Мејал и Блузбрејкерс (2001) Елиот Марфи (2003) Чарли Маселвајт (2000, 2007) Кени Нил (1999, 2003) Мацео Паркер (2009) Ноел Рединг (1989) Џон Ренбурн Захари Ричард (2003) Џими Роџерс (1997) Рој Роџерс (2002, 2005)

Арчи Шеп (1990) Џими Смит (2004) Сол Стирерс (1996) Мајк Стерн (1998) Таџ Махал (2005) Мелвин Тејлор (1996) Мик Тејлор Отис Тејлор (2004, 2010) Ханс Тесинк (1994) Робин Троуер (2005) Ајк Тарнер (1999) Џо Луис Вокер (1999) Кејти Вебстер (1996) Џуниор Велс (1989)

Фото галерија Портрети

Наводи

Надворешни врски

Веб-страница на фан клуб Лири блуз Официјална веб-страница (на италијански)

Категорија:Фрозиноне (покраина) Категорија:Фестивали во Италија