мини|208x208пкс|Катедралата Сан Емидио Катедралата Асколи Пичено, официјално катедралата Санта Марија Мадре ди Дио е сант'Емидио (Света Богородица и Свети Емидио) или пократко катедралата Сант'Емидио, претставува главната или централна црква на градот Асколи Пичено и епископија на истоимената епархија. Се наоѓа на плоштадот Аринго и заедно со Палатата на Аренго го претставува центарот на градскиот живот уште од римско време и барем до целиот таканаречен период на општината. Во месец мај 1857 година, папата Пиј IX оваа црква ја издигнал до достоинство на една мала базилика.Catholic.org Basilicas in Italy
Историја мини|Романска крстилница. мини|Катедралата во печат од 1898 година. Сегашната градба е резултат на многу адаптации и надградби што се случиле помеѓу 5 и 16 век. Некои остатоци пронајдени за време на реставраторската работа во 1967 година на криптата покажуваат дека првиот храм всушност бил изграден во 4 или 5 век врз претходно постоечка зграда од римскиот период која историчарот Себастиано Андреантонели ја идентификувал како пагански храм можеби посветен на музите, додека други историчари храмот го припишуваат на боговите Херкулес или на Јунона.
Археолошките наоди од 1882-1883 година покажуваат дека катедралата била изградена со помош на остатоците од цивилната базилика на римскиот форум идентификувани во најстарите делови од сегашната зграда. Такви делови биле трансептот, потоа основите на полукружните апсиди, а според некои и куполата. Сите тие датираат, всушност, од крајот на 8 или почетокот на 9 век. Цивилната градба од периодот на римската ера има димензии приближно 32 метри во должина и 13 метри во ширина, додека висината изнесува 9 метри. Телото на катедралата било составено од три полукружни апсиди и вкупно три влеза кои биле ориентирани во правец кон Форумот.
Помеѓу 5 и 6 век градбата претрпела почетна трансформација и добила облик на латински крст со додавање на надолжниот кораб и реконструкција на утврдените полигонални апсиди. Во периодот помеѓу 746 и 780 година, лонгобардскиот епископ Еуклер во своите проекции ја додал куполата со осмоаголна основа, чија изградба сепак била одложена за периодот на 11 век, во времето на епископот Бернардо II (1045-1069). Во тој период на градбата најверојатно и била дадена романска структура. Тој стил се постигнал со изградбата на фасадата и, пред сè, со изградбата на криптата во која биле сместени моштите на Сан Емидио. Токму по тој повод катедралата, осветена уште од периодот на ранохристијанската ера на Дева Марија, со титулата Богородица (Theotòkos), му била посветена и на светиот маченик Емидио, кој бил првиот историски посведочен епископ на градот. Во исто време се започнало со изградбата на двете кули, кои биле поставени на надворешните агли на фасадата и кои давале впечаток дека излегуваат од неа. Просторот помеѓу двете камбанарии бил зафатен од трем со капели, кој бил речиси целосно отстранет по проширувањата на катедралата во периодот на шеснаесеттиот век. Во тој период бил отстранет и фенерот.
Градбата долго време ги задржала своите романски форми, сѐ некаде до последната четвртина на 15 век. Некои цркви во Асколи во тоа време, пред сè оние од редот Мендиканти (Сан Франческо, Сан Пјетро Мартире и Сан Агостино) биле многу поголеми по површина отколку во однос на Дуомо. На 2 јануари 1481 година, за време на епископот Просперо Кафарели (1464 - 1500 г.), бил склучен договорот за уривање на античката фасада и изградба на трите нови кораби поделени со полигонални столбови и отворање на големите прозорци. Ова реновирање на катедралата со готско-ренесансен стил останал во својата почетна состојба долго време.
Фасадата на катедралата била изградена во периодот од 1529 до 1539 година според дизајнот на Кола дел Аматриче. Во истиот период бил изграден нов висок олтар, додека во ѕидовите на страничните кораби започнало да се поставуваат некои погребни споменици и воедно биле подигнати раскошни олтари во согласност со страничните кораби. Епископот Пјетро Камајани (1567 - 1579) подоцна ги завршил сводовите на трите кораби. Единствениот влез во криптата во делот на централниот кораб бил заменет со двете скалила кои биле поставени во страничните кораби.
Во 1838 година била отворена капелата СС Сакраменто, која била додадена на телото на катедралата долж десната патека на раскрсницата на трансептот. Во годините помеѓу 1882 - 1894 година влезот во криптата од страна на централниот коридор повторно бил ставен во употреба. Тоа е сторено според проектот на архитектот Џузепе Сакони кој го дизајнирал и цибориумот под самата купола. Во десетлетието помеѓу 1884 - 1894 сводовите на централниот кораб и куполата биле украсени со фрески изработени од страна на Чезаре Маријани.
Во текот на 20 век, односно на крајот на Втората светска војна, епископот Амброџио Сквинтани ги украсил ѕидовите на криптата со мозаици засновани на карикатури на Пјетро Гауденци (1880-1955), прикажувајќи епизодни делови од последната војна. Новата интервенција на криптата била завршена во 1961 година, од страна на епископот Марчело Морганте. Тој таму ја изградил гробницата на епархиските бискупи. Конечно, во 1967 година, било изведено литургиското прилагодување на презвитерието, според укажувањата на Вториот ватикански собор.
Надворешен изглед мини|Поглед на комплексот Дуомо. мини|Портата на музата. Фасадата на катедралата, со правоаголна форма, изградена помеѓу 1529 и 1539 година по дизајн на архитектот Кола дел Аматриче била поставена по таканаречен џиновски ред. Изградена со мазни блокови од травертин, таа е поделена на три дела со четири коринтски столбови, од кои секој дел има рамна задна колона поддржана од постамент што се потпира на таванската основа. Во горниот дел, над 4-те столбови, архитравот, фризот и носечкиот корнизон кој е поддржан од аголните столбови се движат во хоризонтална насока.
Во центаралниот дел на фасадата се наоѓа влезната порта на катедралата која е врамена со вертикално пресечени столбови, со основи, капители и корнизи во јонски стил. На страните од портата, во двете помали меѓуколони, фасадата завршува со две големи ниши во кои се сместени две травертински седишта. Терминалната балустрада составена од мали столбови била додадена на горниот простор на проектот некаде во 1592 година.
На краевите на фасадата се издигаат две кули изработени од травертин со квадратна основа, кои датираат од втората половина на 11 век. Десно од нив има страна со висина 4,80 метри и е украсена со тули и балустрада, чиј горен дел е обновен во 1592 година врз основа на дизајнот на арахитектот Силвестро Галеоти од Асколи. Оној пак од левата страна е малку повисок од фасадата на црквата.
Левата страна на катедралата, која е свртена кон крстилницата, датира од 1485 година. Украсена е со бравулести коринтски пиластри, а во нивните меѓупростори има готски мулионирани прозорци украсени со искривени столбови и многу фини огради, од кои на едниот прозорец е видлив штитот со грбот на епископот Кафарели.
Во претпоследниот простор во делот помеѓу столбовите на ѕидот, кон трансептот, се отвора страничниот влез во катедралата во стил на ренесанса, со два коринтски пиластри кои поддржуваат полукружен тимпан. Овој влез се вика Портата на музата, а името произлегува од епиграфот сместен и заѕидан во надворешниот ѕид на трансептот. Импозантните димензии и неговото богатство се оправдуваат со тоа што првично тој бил главниот влез, кој бил срушен и преместен на таа нова позиција, веднаш по изградбата на сегашниот главен влез во катедралата. Уметничкото авторство на портата било доста контроверзно и подложно на критики. Дрвените врати на овој влез биле украсени со панели од рози врежани во релјеф и зооморфни фигури. Сето тоа било дело на Франческо ди Џовани од Асколи, кој го ставил својот потпис на една од рамките на вратите. До вратата се пристапува преку скалила украсени со травертинска балустрада, која била изградена во 1841 година по дизајн на архитектот Габриеле Габриели.
Продолжувајќи кон задниот дел на катедралата, наидуваме на трансептниот простор, формиран од големи блокови од травертин, секако тие потекнувале од некои римски градби. Овој дел претставува најстариот дел од катедралата кој датирал од 8-9 век. Двата правоаголни отвори на трансептниот ѕид, кои се наоѓаат на околу еден метар над површината на земјата, даваат светлина во внатрешноста во делот на криптата на Сан Емидио.
Продолжувајќи по надворешноста од трансептот, можат да се забележат двете странични октагонални апсиди, кои веројатно биле изградени во 11 век во исто време кога била изградена и криптата. Централната апсида, од друга страна, била повторно изградена во периодот помеѓу 1480 и 1550 година. Во својата основа има блок од травертин со важно историско значење бидејќи на него стои натписот: CAESARI TRIBUNITIA POTESTATE (Цезарската трибунитска моќ), што може да ја докаже хипотезата дека катедралата Асколи била изградена врз старата римска цивилна базилика.
Фенерот, кој бил изграден во романскиот период некаде на крајот на 11 век, исто така бил направен од травертин. Неговиот надворешен облик бил октогонален и завршувал со рамка на висина на покривот затворена со свод. Материјалот исто така бил травертин. На сводот постои слеп фенер со четири обоени прозорци, кој бил надграден со врв.
Десната страна на катедралата е речиси слична на левата и се отвора кон градината на ректоратот.
Камбанарија Концертот на ѕвона на катедралата во Асколи се состои од вкупно пет ѕвона.
Најголемото ѕвоно е означено со името Сан Емидио, изградено е од основачите Емидио Марини и од Атилио Роси од Сенигалија во 1655 година под епископијата Џулио Габриели чиј грб е врежан на него. Со значителна големина, достигнува тежина од 8000 фунти, еднаква на околу 28 квинтали. Неговото хармонично тимбро одговара на Б рамнината на музичката скала. Во 1798 година, во времето на француско-цисалпската окупација на Асколи, ѕвоното било спуштено од кулата за да се стопи и нејзината бронза да се употреби за изградба на топови. По заминувањето на французите во месец јануари 1799 година, тоа повторно било поставено на кулата. Второто по големина и најстарото ѕвоно го носи името Марина, сместено на источната страна на кулата. Во 1594 година тоа било фрлено-отстрането од страна на извесен Камплани од Фермо. Неговата тежина одговарала на околу 15 квинтали и звучело со баритонски звук. Ѕвоното Полисија, така наречено во знак на почит на младата паганка, ќерка на гувернерот на Асколи Полимио, преобратена во христијанство од страна на Сан Емидио, е трето по големина. Било создадено од Стефано Ландолфи од Валтелина во 1630 година и последователно било преобликувано во 1913 година. Четвртото ѕвоно било наречено Гуштер бидејќи ја носело фигурата на животното кое го користела како симбол леарницата на браќата Донати од Аквила. Ова ѕвоно било изработено во 1771 година. Петтото и најмало од сите ѕвона е Маркучија, излеано во средината на деветнаесеттиот век, така наречена затоа што е свртена кон ридот Коле Сан Марко.
Внатрешен изглед мини|Поглед на внатрешноста. мини|Презвитериумот со цибориумот и куполата. мини|Фреска од четиринаесеттиот век во основата на левата кула, која му се припишува на мајсторот на полиптихот од Асколи По минувањето на влезот во катедралата, од левата страна постои капела, во непосредна близина на камбанаријата, која го претставува она што останало од портот кој во средновековно време се наоѓал пред фасадата на градбата изградена во романски стил. Тој дефинитивно бил изгубен при создавањето на ренесансните дела, што кулминира со изградбата на новата фасада од шеснаесеттиот век. Во капелата е сместено Распетието, најдобро сочуваното парче од целата декорација, што му се припишува на мајсторот на полиптихот од Асколи. Тој се смета за мајсторот на Офида. Тоа дело се појавило во страничните украсни парчиња на малата капела.