Свети Ѓорѓи — селска црква во маалото Мартиновци во гостиварското село Железна Река, Македонија.

Денешната црква е подигната во 2015 година на темели на некогашната градба, која била целосно срушена и денес не постои.

Историја

Според преданијата, на местото каде што е возобновена црквата, пред неколку века се наоѓал манастир со конаци и со три големи камбани. Манастирот се наоѓал во месност викана Буринец.

На местото на некогашниот буринечки манастир била подигната мала капела по 1918 година, која во 2015 година била срушена и на чие место е подигната новата византиска градба.

Местоположба

Црквата се наоѓа на влезот во самото село Железна Река, во маалото Мартиновци. Таа е сместена на пространа ливада, видлива од самиот пат. Околу црквата се наоѓаат гробишта на маалото Мартиновци.

Архитектура

Градбата на новата црква е во византиски стил.

Фрескоживопис

Во црквата се изведуваат активности за живописување на црквата.

Галерија

Поврзано Гостиварско архијерејско намесништво Гостиварска парохија Железна Река

Наводи

Надворешни врски

Железна Река Категорија:Железна Река