Филип (со полно име: Филип Леополд Лодевик Марија ; ; роден на 15 април 1960) е крал на Белгија.
Биографија Филип е роден на 15 април 1960 година во замокот Белведер во Лаекен северно од Брисел. Тој е најстар син на кралот Алберт II и кралицата Паола. Бил крстен на 17 мај во црквата Свети Жак-сур-Куденберг во Брисел.
Принцот Филип станал прв принц од Белгија кој посетувал редовно училиште наместо традиционалното домашно образование. На 26 септември 1980 година бил назначен за втор поручник и положил офицерска заклетва. Филип своето образование го продолжил на Колеџот Тринити, Оксфорд, а постдипломски студии посетувал на Универзитетот Стенфорд, Калифорнија, каде што дипломирал политички науки во 1985 година."The Belgian Monarchy". Retrieved 22 July 2016. Во 1989 година, во војската бил унапреден во чин полковник.
Во 1993 година, кралот Бодуен починал, Алберт станал нов крал, а Филип станал престолонаследник и ја добил титулата војвода од Брабант.
На 25 март 2001 година, Филип станал генерал-мајор во копнената и воздушната компонента и добил чин заменик адмирал во поморската компонента."The Belgian Monarchy". Retrieved 22 July 2016.
Филип на 4 декември 1999 година во Брисел се оженил со Матилда д'Удекем д'Акоз, ќерка на валонски гроф од белгиско благородничко семејство и потомок на полските благороднички семејства. Тие имаат четири деца:
Принцезата Елизабета (родена на 25 октомври 2001 година) Принцот Габриел (роден на 20 август 2003 година), Принцот Емануел (роден на 4 октомври 2005 година) и Принцезата Елеоноре (родена на 16 април 2008 година).
Кралот Алберт II на 3 јули 2013 година објавил дека на 21 јули 2013 година ќе абдицира во корист на Филип. Приближно еден час по абдицирањето на кралот Алберт Втори, принцот Филип положил заклетва како крал на Белгија. Неговото најстаро дете, принцезата Елизабета, станала негова наследничка и се очекува да стане прва кралица на Белгија.
Владеење Филип имал улога во формирањето коалициска влада по белгиските федерални избори во 2014 година.
Во 2020 година, Филип изразил жалење за „актите на насилство и суровост“ извршени во Слободната Држава Конго.Moens, Barbara; Gijs, Camille (6 July 2020). "Of race and royalty: How the king surprised Belgium". Politico.
Наводи
Надворешни врски
Официјална биографија од веб-страницата на белгиското кралско семејство Статија на DHnet ( француски ) за образованието и воената кариера на принцот Филип.
Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа Категорија:Носители на Големиот крст од посебна класа на Орденот за заслуги за СР Германија Категорија:Апсолвенти на Стенфордскиот универзитет Категорија:Живи луѓе Категорија:Војводи на Брабант Категорија:Римокатолички монарси Категорија:Римокатолички христијани од Белгија Категорија:Кралеви на Белгија Категорија:Родени во 1960 година Категорија:Статии со текст на германски Категорија:Малтешки витези Категорија:Белгиска династија