Квадрат (англиски: The Square) — филм на режисерот Рубен Естлунд (кој е автор и на сценариото) од 2017 година. Главните улоги ги играат: Клас Банг (Claes Bang), Елизабет Мос (Elisabeth Moss), Доминик Вест (Dominic West), Тери Нотари (Terry Notary) итн.IMDb, The Square (пристапено на 9.4.2023)
Синопсис Кристијан (го игра Банг) е куратор во еден музеј во Стокхолм. Тој е вовлечен во измама и во таа прилика му го крадат паричникот и мобилниот телефон. Со помош на својот соработник Мајкл (го игра Вест), тој открива каде се наоѓа телефонот и двајцата одат во зградата каде во сите станови ставаат порака со барање да му ги вратат украдените работи. Потоа, Кристијан присуствува на една забава, каде ја запознава новинарката Ен (ја игра Мос) и тие водат љубов во нејзиниот апартман. По неколку дена, Кристијан добива порака од еден ресторан дека некој оставил пакет за него, а во пакетот се украдените работи. Тој е среќен бидејќи работата е завршена успешно, но повторно добива повик од ресторанот: едно дете, кое поради пораката на Кристијан било неправедно обвинето дека е крадец, бара од него да му се извини, заканувајќи се дека животот ќе му го претвори во хаос. По некое време, детето го пречекува Кристијан во неговата зграда, но тој грубо го исфрла надвор. Малку подоцна, тој се кае и го бара детето, но тоа си заминало. Затоа, Кристијан пак оди во зградата со намера да му се извини на детето, но дознава дека семејството на детето во меѓувреме се иселило. Додека му се случуваат овие работи, една маркетиншка агенција снима провокативно видео за престојната изложба во музејот, но видеото предизвикува негодување во јавноста поради што Кристијан е принуден да даде оставка, иако тој не учествувал во изработката и одобрувањето на видеото.
Наводи Категорија:Шведски филмови Категорија:Германски филмови Категорија:Француски филмови Категорија:Дански филмови Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Филмови на шведски јазик Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Рубен Естлунд Категорија:Филмови со Елизабет Мос Категорија:Филмови со Доминик Вест Категорија:Филмови со Тери Нотари Категорија:Филмови со Клас Банг Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Стокхолм