Британска Индија или Британски Раџ (од хинди rāj: кралство, царство, држава или империја) ― владеење на британската круна со поголемиот дел од индискиот потконтинент кое траело од 1858 до 1947 година. Регионот понекогаш не официјално се нарекувал и Индиско Царство. Quote: "British India, meanwhile, was itself the powerful 'metropolis' of its own colonial empire, 'the Indian empire'."

Под името „Индија“, таа била основачка членка на Лигата на нации, држава учесник на Летните олимписки игри во 1900, 1920, 1928, 1932 и 1936 година, и основачка членка на Обединетите нации во Сан Франциско во 1945 година.

Овој систем на управување бил воспоставен на 28 јуни 1858 година, кога по Индискиот бунт од 1857 г, британската Источноиндиска компанија своето владеење со потконтинентот го префрлила на круната претставувана од кралицата Викторија (која, во 1876 година, била прогласена за Царица на Индија). Траел до 1947 година, кога Британскиот Раџ бил поделен на две суверени доминионски држави: Унија на Индија (подоцна Република Индија) и Доминион Пакистан (подоцна Исламска Република Пакистан и Народна Република Бангладеш). На почетокот на Раџот во 1858 година, Долна Бурма веќе била дел од Британска Индија; Горна Бурма била додадена во 1886 година, а по обединувањето Бурма била управувана како автономна провинција до 1937 година, кога станала посебна британска колонија, стекнувајќи сопствена независност во 1948 година. Во 1989 година била преименуван во Мјанмар.

Географско протегање Британскиот Раџ се простира на речиси цела денешна Индија, Пакистан и Бангладеш, со исклучок на малите поседи од други европски нации како Гоа и Пондичери. Оваа област е многу разновидна, содржи хималајски планини, плодни поплавни рамнини, Индоганшка рамнина, долго крајбрежје, тропски суви шуми, суви висорамнини и пустината Тар. Покрај тоа, во различни периоди, го опфаќала Аден (од 1858 до 1937 година),Marshall (2001), p. 384 Долна Бурма (од 1858 до 1937 година), Горна Бурма (од 1886 до 1937 година), Британски Сомалиленд (накратко од 1884 до 1898 година) и Сингапур (накратко од 1858 до 1867 г.). Бурма била одвоена од Индија и директно управувана од британската круна од 1937 година до нејзината независност во 1948 година.

Цејлон кој се сметал за крајбрежен регион не бил дел од Британска Индија. Кралствата Непал и Бутан, по војните со Британците, потпишале договори со кои од Британците биле признати како независни држави. Кралството Сиким било основано како кнежевство по Англо-Сикимскиот договор од 1861 година; сепак, прашањето за суверенитетот остана недефинирано Малдивските острови биле британски протекторат од 1887 до 1965 година, но не и дел од Британска Индија.

Историја

1858–1868: Бунтот од 1857 и неговите последици На 10 мај 1857 година, војниците од Британската индиска армија, составена од месни Хиндуси и муслимани, се побуниле во Мерут, воен гарнизон на 80 километри североисточно од Делхи. Бунтовниците се упатиле кон Делхи за да преговараат, но во исто време цела централна и северна Индија се кренала на бунт против Британската источноиндиска компанија. Многу од вазалните владетели на малите кралства застанале на страната на револуционерните сили, а другите останале лојални на Британците и се приклучиле на нивната страна. Во историјата овој настан е познат како Индиско востание од 1857 година.

Бунтот, кој сериозно ги потресол темелите на британското владеење во Индија, несомнено бил кулминација на акумулираниот гнев кон британската политика и администрација во текот на изминатите децении од колонијалното минато. По задушувањето на востанието биле затворени културните и верските центри. Запленети биле многу уметнички предмети. Последица за Британците било затворањето на компанијата и префрлањето на управувањето со Индија на државата.

1858–1880: Железници, канали, Кодекс за глад Индустријализацијата го менувала земјоделското стопанство во Индија: кон крајот од 19 век, многу индиски суровини се извезувале на далечните пазари. Во втората половина на 19 век, исто така, имало почести појави на голем глад во Индија. Иако гладот не бил нешто ново за потконтинентот, гладот во овој период бил особено тежок, со десетици милиони умрени, а многу критичари ( Британци и Индијци) вината ја адресирале до колонијалната администрација. Новата железничката мрежа го намалила гладот, значително ги намалила трошоците за пренос на стока, и ѝ помогнал во развојот на индустријата во Индија. По Големиот глад од 1876-1878 година биле донесени индиските кодекси за глад, најрани скали на глад и програми за спречување на гладта. Во една или друга форма, тие ќе бидат имплементирани ширум светот од Обединетите нации и Организацијата за храна и земјоделство до 1970-тите.

1880-1890: Средна класа, Индиски национален конгрес Веќе во 1880 година, во Индија се појавила нова средна класа и се проширила низ целата земја. Исто така, имало растечка солидарност меѓу нејзините членови. Оваа класа била охрабрена да се образува и да ги искористи придобивките од тоа образование, преку вработувањето во индиската државна служба. Индијците биле особено охрабрени кога на Канада ѝ бил доделен статус на доминион во 1867 година и бил воспостави автономен демократски устав. Иритацијата, од друга страна, дошла од инцидентите на расна дискриминација од страна на Британците во Индија, употребата на индиски трупи во империјалните кампањи (на пр. во Втората англоавганистанска војна) и обидот за контрола на народниот печат (на пр. во Законот за народниот печат од 1878 година).F.H. Hinsley, ed.

На 28 декември 1885 година, професионалци и интелектуалци од оваа средна класа - многумина се школуваа на новите универзитети основани од Британија во Бомбај, Калкута и Мадрас и биле запознати со идеите на британските политички филозофи, особено на утилитаристите во Бомбај. Седумдесетте мажи го основаа Индискиот национален конгрес; За прв претседател бил избран Вомеш Чундер Бонерџи.

Во текот на првите дваесет години, Конгресот првенствено расправал за британската политика кон Индија; сепак, дебатите создале еден нов индиски поглед според кој Велика Британија е одговорна за осиромашување на Индија. Велика Британија го направила тоа (според националистите) со нелојална трговија, со ограничување на домородната индиска индустрија и со наметнување даноци на Индијците за исплата на високи плати на британските државни службеници во Индија.

1905–1911: Поделба на Бенгал, Свадеши, насилство Поткралот, Лорд Керзон (1899–1905) енергично барал зголемена ефикасност и реформи.Michael Edwardes, High Noon of Empire: India under Curzon (1965) p. 77 Се залагал за создавање на Северозападна погранична провинција; мали промени во државните служби; забрзување на работењето на секретаријатот; воспоставување златен стандард за да се обезбеди стабилна валута; создавање на Железнички одбор; реформа за наводнување; намалување на долговите на селаните; намалување на цената на телеграмите; археолошки истражувања и зачувување на антиквитети; подобрувања на универзитетите; реформи во полицијата; надградба на улогите на матичните држави; нов оддел за трговија и индустрија; промоција на индустријата; ревидирани политики за приходи од земјиште; намалување на даноците; формирање земјоделски банки; создавање на Земјоделско одделение; спонзорирање земјоделски истражувања; формирање на Царска библиотека; создавање на царски кадетски корпус; нови шифри за глад; и, навистина, намалување на непријатноста од чад во Калкута.Moore, "Imperial India, 1858–1914", p. 435

Проблемите за Керзон се појавиле кога тој ја поделил најголемата административна единица во Британска Индија, провинцијата Бенгал, на провинција Источен Бенгал и Асам со мнозинско муслиманско население и провинцијата Западен Бенгал со мнозинско хинду (денешни индиски држави Западен Бенгал, Бихар и Одиша). Ова го посеало семето на поделба меѓу Индијците во Бенгал. Хиндуската елита од Бенгал, меѓу нив и многумина кои поседуваа земја во Источен Бенгал што им била дадена под закуп на муслимански селани, жестоко протестирале.

По поделбата на Бенгал, стратегија поставена од Лорд Керзон за да го ослабне националистичкото движење, се појавило движењето Свадеши и движењето Бојкот.Ranbir Vohra, The Making of India: A Historical Survey (Armonk: M.E. Sharpe, Inc, 1997), 120 Движењето се состоело од бојкот на странска стока и, исто така, социјален бојкот на секој Индиец кој користи странска стока. Движењето Свадеши се состоело од употреба на домашно произведени стоки. Откако странските стоки биле бојкотирани, имало празнина која требало да се пополни со производството на тие стоки во самата Индија. Бал Гангадар Тилак рекол дека движењата Свадеши и Бојкот се две страни на иста паричка.V. Sankaran Nair, Swadeshi movement: The beginnings of student unrest in South India (1985) excerpt and text search

Шри Ауробиндо проповедал независност, но на мирен начин. Негова цел била пасивен отпор.Peter Heehs, The lives of Sri Aurobindo (2008) p. 184 Немирите се прошириле од Калкута во околните региони на Бенгал. Некои студенти се приклучиле на месните политички младински клубови кои се појавиле во Бенгал во тоа време, некои се занимавале со грабежи за да купат оружје, и дури се обиделе да ги убијат функционерите на Раџ. A distinct group within the Calcutta Anushilan Samiti ... soon started action ... robbery to raise funds . Движењето за бојкот Свадеши го намалил увозот на британски текстил за 25%. Свадеши облеката, иако поскапа и помалку удобна од нејзиниот конкурент во Ланкашир, била носена како знак на национална гордост од луѓето ширум Индија.

1870-1906: Муслимански социјални движења, Муслиманска лига Огромниот, но доминантно хиндуистички, протест против поделбата на Бенгал и стравот од реформи со кои би се фаворизирало хинду мнозинството, ја натерло муслиманската елита во Индија во 1906 година да се состане со новиот поткрал, лорд Минто и да побара одвоени електорати за муслиманите. Заедно, барале пропорционална законодавна застапеност. Во декември 1906 година, ова довело до основање на Сѐиндиска муслиманска лига во Дака. Иако Керзон, веќе поднел оставка од својата позиција и се вратил во Англија, основањето на Лигата била дел од неговиот план за поделба. Желбата на Керзон да им се додворува на муслиманите од Источен Бенгал произлегла од пописот од 1871 година. .Во трите децении оттогаш, муслиманските водачи во северна Индија, биле предмет на јавно непријателство од некои од новите хиндуистички политички и општествени групи.

Законот за индиски совети од 1909 година, познат како Морли-Минто реформи ( Џон Морли бил државен секретар за Индија, а Минто бил поткрал) - на Индијците им дал ограничени улоги во централните и провинциските законодавства. Биле фаворизирани Индијците од високата класа, богатите земјопоседници и стопанственици. Муслиманската заедница добила посебен електорат и добила двојна застапеност. Целите биле прилично конзервативни, но го унапредија изборниот принцип.

Поделбата на Бенгал била укината во 1911 година и била објавена во Делхи Дурбар, каде што дошол кралот Џорџ V и бил крунисан за цар на Индија. Тој најавил дека главниот град ќе биде преместен од Калкута во Делхи. Во овој период имало зголемени на активности на револуционерните групи, во кои биле вклучени бенгалската Анушилан Самити и Панџабската партија Гадар. Сепак, британските власти брзо се справувале со насилните бунтовници.: Violence too could be ... repressed, partly because it was eschewed by the mainstream of educated politicians – despite the attraction to some of them of ... movements such as Bengal's Anusilan Samiti or Punjab's Ghadr Party.

1914–1918: Прва светска војна, Пакт Лакнау, Лиги за домашна управа