Скитер Дејвис (англиски: Skeeter Davis; родена како Мери Френсис Пеник; 30 декември 1931 г. ― 19 септември 2004 г.) ― американска пејачка и текстописец на кантри-музика, која пеела и поп-песни како што е „Крајот на светот“ од 1962 година. Музичката кариера ја започнала како дел од групата Davis Sisters додека била тинејџерка во доцните 1940-ти. Подоцна групата потпишала со RCA Victor. Во доцните 1950-ти, станала соло-пејачка.
Скитер Дејвис е меѓу првите жени што станале големи ѕвезди во кантри-музиката како соло-пејачки. Нејзината музика влијаела врз Теми Винет и Доли Партон, а музичкиот критичар од Њујорк Тајмс, Роберт Палмер ја опишал како „извонредна кантри/поп-пејачка“.
Надворешни врски
Skeeter Davis Homepage
Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Американски поп-пејачки Категорија:Американски кантри пејачки Категорија:Американски писатели за деца Категорија:Починати во 2004 година Категорија:Родени во 1931 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Американски пејачи и пејачки од 21 век Категорија:Американски пејачи и пејачки од 20 век Категорија:Американски пејачки од 20 век Категорија:Американски гитаристки Категорија:Американски сопрани Категорија:Американски кантри кантавторки