Господи Помилуј (, Кирие Елејсон) — археолошко наоѓалиште од римско и ранохристијанско време кај селото Мандалево, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Претставува античка населба откриена е во истоимената месност недалеку од селото.
Наоѓалиштето е сместено југозападно од Мандалево на површина од 20 ха. Тука е откриена градба со оштетен мозаик, надгробни плочи и олтари. Пронајден е и мермерен столб без долниот дел, овенчан со триаголен фронтон со тимпан без фигури и димензии од 0,87 × 0,42 × 0,12 м. Под фронтонот има корниз, а уште подолу стои натпис кој не е протолкуван. Според облиците на некои букви натписот се датира од третата четвртина на IV век п.н.е.
Во 1986 г. оваа стара населба е прогласена за заштитен археолошки споменик.
Поврзано Сиџан Тепе — населба од неолитот и бакарно време кај селото
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Вртикоп (општина)