Бургас или Бургаз — река во Касандриско на Халкидичкиот Полуостров, Егејска Македонија. Му припаѓа на сливот на Бешичкото Езеро.
Течение Реката извира од планината Пијавица под врвот Праматефтис под името Кравјака (Κράβιακας), во 1969 г. сменето во Алепофолија (Άλεποφωλία). Тече на запад и јужно од Варвара и северно под врвот Древеник (729,3 м) ја прима левата притока Ксиролакос. Свртува на југозапад, тука носејќи го името Неромана. Ја прима левата притока Ватилакос и свртува на северозапад. Овде е наречена Кидонцас. Излегува од планината, и под името Бургас се влева во реката Холомонда источно од селото Лезик.
Притоки → лева, ← десна → Ксиролакос → Ватилакос → Цинтурас → Хајкома → Склитра
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Егејски слив Категорија:Аристотел (општина) Категорија:Бешик