Здружение на планинари и заштита на планината (ЗПЗП) Козјак 2013 ― планинарско здружение со седиште во Куманово, Македонија. Здружението постои од 2013 година. Цел на здружението е организирање на планинарски тури, еколошки и хуманитарни акции.

Историја Здружението е создадено од страна на 6 планинари ентузијасти на 11 јули 2013 година во Куманово. Идејата за создавање на здружението произлегла од потребата за поразлично функционирање и организирање од претходното Планинарско друштво Козјак.

Првата традиционална акција била одржана во март 2014 на релација Пелинце-Големи Уши-Китка-Малотино-Кокино (Татиќев Камен). Учество земале повеќе од 600 планинари од различни градови на Македонија, Србија и Бугарија.

Планинарски акции

Традиционални планинарски акции Секоја година од создавањето, клубот организира неколку традиционални акции на планината Козјак и во Кумановско.

Една таква акција е по повод Меѓународниот ден на жената, која е одржувана на местото Бислимска Клисура со поаѓање од селото Пчиња.

Во календарот на активности спаѓа и традиционално пошумување по повод Денот на ослободување на Куманово, 11 ноември.

Козјак 2013 има организирано искачувачки активности по повод Денот на народното востание, 11 октомври.

Планинарски акции Здружението редовно организира планинарски акции и тури. Вообичаено се организирани еднодневни викенд акции на неделно ниво. Секоја недела обично има најмалку 1 акција, често и по неколку тури истовремено. Со тоа што, тежината на турите варира за да можат и почетниците да се вклучуваат.

Планинарски водичи Здружението има вкупно 10 професионално обучени водичи. Од кои 1 со категориите А1/Б1, и останатите 9 водичи имаат Б1 категорија на стручна спрема.

Членови Здружението има 106 членови. Секоја година бројот на членови расте и нови и млади планинари и планинарски се приклучуваат на здружението.

Соработки ЗПЗП Козјак 2013 е збратимено здужение со српското здружение „Рунолист“ од Јагодина.

Организација на здужението Со здружението управува извршниот одбор кој е избран од страната на членовите. Секои 2 години е одржувано гласање на кое се избираат членови на извршниот одбор и претседател на здружението.

Поврзано

ЗСПК „Козјак“

Наводи

Надворешни врски Службена страница на ЗПЗП Козјак 2023 на Facebook

Категорија:Македонски здруженија Категорија:Појавено во 2013 година во Македонија Категорија:Култура на Куманово Категорија:Планинарски друштва во Македонија