Вилхелм Хајнрих Валтер Баде (; – ) — германски астроном и астрофизичар.
Живот и откритија Роден е во Шретингхаузен, денес дел од Пројсиш Олдендорф во Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Завршил училиште во 1912 г. Потоа студирал математика, физика и астрономија на универзитетите во Минстер и Гетинген. Докторирал во 1919 г. и се вработил во Хамбуршката опсерваторија, каде се задржал до 1931 г. Таму во 1920 г. го открил 944 Идалго, првиот од класата астероиди денес наречана кентаури кои пресекуваат орбити на џиновски планети.
Од 1931 до 1958 г. работел во опсерваторијата „Маунт Вилсон“ во САД. Таму за време на Втората светска војна го искористил ноќното ислучување на светлата (што го смалувало светлинско загадување) и така за првпат ги забележал ѕвездите во средиштето на галаксијата Андромеда. Овие набљудувања го навеле да определи одделни „населенија“ на ѕвезди (Население I и Население II). Во истата прилика заклучил дека постојат два вида на кефеидни ѕвезди. Со ова откритие направил своја пресметка на големината на познатата вселена, удвојувајќи ја величината позната од претходната пресметка на Едвин Хабл од 1929 г.Baade W (1944) The resolution of Месје 32, NGC 205, and the central region of the Andromeda nebula. ApJ 100 137-146Baade W (1956) The period-luminosity relation of the Cepheids. PASP 68 5-16 Во 1952 г. ги објавил своите заклучоци на собирот на Меѓународниот астрономски сојуз во Рим, на големо вчудовидување на присутните.
Заедно со Фриц Цвики ги открил суперновите како нова категорија на астрономски тела.W. Baade, F. Zwicky, 1934, "On Super-Novae". Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America, 254-259.Donald E. Osterbrock, Walter Baade – A Life in Astrophysics, Princeton und Oxford: Princeton University Press 2001. . Двајцата исто така го предложиле постоењето на неутронски ѕвезди, и дека тие настануваат од супернови.
Почнувајќи од 1952 г. заедно со Рудолф Минковски ги пронашле оптичките пандани на разните радиоизвори,Baade, W. and Minkowski, R., 1954. Identification of the Radio Sources in Cassiopeia, Cygnus A, and Puppis A. Astrophysical Journal, Vol. 119, p. 206-214 (јануари 1954) ADS: 1954ApJ...119..206B вклучувајќи го Лебед A. Открил 10 астероиди, меѓу кои и 944 Идалго, која има долг орбитален период; ова впрочем е првиот откриен кентаур, но кентаурите биле прифатени како одделна класа дури во 1977 г.); аполонскиот астероид 1566 Икар, чиј перихел е поблизок од Меркуровиот; и аморскиот астероид 1036 Ганимед.
Признанија + Откриени астероиди: 10 930 Вестфалија 10 март 1920 934 Тирингија 15 август 1920 944 Идалго 31 октомври 1920 966 Муши 9 ноември 1921 967 Хелионапе 9 ноември 1921 1036 Ганимед 23 октомври 1924 1103 Секвоја 9 ноември 1928 1566 Икар 27 јуни 1949 5656 Олдфилд 8 октомври 1920 7448 Пелат 14 јануари 1948
Награди и почести Странски член на Кралската холандска академија на уметностите и науките (1953) Член на Американското филозофско друштво (1953). Златен медал на Кралското астрономско друштво (1954) Брусов медал (1955) Предаваштво „Хенри Норис Расел“ во Американското астрономско друштво (1958) Наречено во негова чест 1501 Баде — астероид Баде — кратер на Месечината Бадеова Долина на месечината Еден од двата Магеланови телескопи 966 Муши — астероид наречен по прекарот на неговата сопруга
Поврзано Бадеов Прозорец — подрачје на набљудување откриено во 1940-тите со релативно малку прашина кое дава поглед на Галактичкото Средиште во Стрелец Бадеова Ѕвезда, денес позната како Раков Пулсар — за која Баде прв утврдил непосредна врска со Раковидната Маглина.
Наводи
Надворешни врски
Баде на страницата за Брусовиот медал Валтер Баде во Хрватската енциклопедија Валтер Баде — Голема руска енциклопедија
Категорија:Германски астрономи Категорија:Откривачи на астероиди Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките Категорија:Носители на Брусовиот медал Категорија:Носители на Златниот медал од Кралското астрономско друштво Категорија:Членови на Гетингенската академија на науките Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Членови на Баварската академија на науките